طارق
حسن گیلو · македонски јазик
1.
Се колнам во небото И во Деница
2.
А знаеш ли ТИ што е тоа Деница
3.
везда што свети
4.
Над секоја душа има и бдеец
5.
Па, нека човекот погледа од што е создаден
6.
создаден е од вода што се исфрла
7.
која излегува меѓу “рбетот и градите
8.
Да, Он е Кадар да го повтори творењето Свое
9.
на Денот кога ќе се кажуваат тајните
10.
кога човекот не ќе има ни моќ ни поддржник
11.
Се колнам и во небото, со вода преполно
12.
и во земјата која се расцепува
13.
Куранот, навистина, е Говор што одделува
14.
Он не е празен Говор
15.
Оние, сплеткарејќи, сплетки прават
16.
а Јас сплетките ги расплеткувам
17.
Па, остави ги неверниците и дај им малку време