15.Да, Ние ви испративме пејгамбер кој ќе сведочи против вас исто онака како што на фараонот му испративме пе јгамбер
20.Господарот твој, секако, знае дека ти стануваш ноќе да се молиш помалку од две третини на ноќта, половина или, пак, една третина, а и дружината што е со тебе. Аллах го одредува и ноќта и денот. Он знае дека вис не знаете да го пресметате тоа и Он ви простува. Па, читајте го од Куранот она што ви е лесно! Он знае дека меѓу вас ќе има болни, И оние кои ќе шетаат по земјата барајќи ја добрината Аллахова, а други, пак, се борат на Аллаховиот пат. Па, читајте го од Куранот она што ви е лесно! И намаз извршувајте и зекат давајте! И позајмете Му на Аллах заем добар! А доброто што го давате од себе, ќе го најдете кај Аллах уште подобро, и поголема награда. И барајте прошка од Аллах! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен