4.Аллах, навистина, ги њуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени
5.И кога Муса му рече на народот свој: “О народе мој, зошто ме казнувате кога веќе знасте дека сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер?“ И бидејќи скршнаа настрана Аллах даде да скршнат и срцата нивни. Аллах не го упатува народот расиПНИЧКИ
6.И кога Иса, синот на Мерјем, рече: “О синови Израилови, Јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И бидејќи им дојде со јаснотии, рекоа: “Ова е волшебништво јасно
7.А кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах а кој е повикан кон Исламот? Аллах не го упатува народот зулумќарски
8.Оние посакуваат да ја угаснат светлината Аллахова со устите свои. А Аллах ја надополнува светлината Своја, И покрај тоа што го презираат неверниците
9.Он го испраќа пејгамберот Свој, со Патоказ и со вера вистинска, за да ја изрази над сите други вери, и покрај тоа што го презираат многубошците
11.Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и борете се на Аллаховиот пат и со имотите ваши и со животите ваши! Ете, тоа е подобро за вас... само ако знаете
12.Он ќе ви прости за гревовите ваши и ОН ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во живеалишта убави меѓу бавчите на Адн. Ете, тоа е победа голема
14.О верници, бидете поддржници Аллахови како, кога им рече синот на Мерјем на Другарите: “Кој ќе биде заради Аллах поддржник Мој?" Рекоа: “Ние сме поддржници на Аллах." И, ете, така поверува една дружина меѓу синовите Израилови, а една дружина, пак, не поверува. И: оние кои веруваа Ние ги потпомогнавме против непријателите НИВНИ ии, ете, станаа победници