حسن گیلو · македонски јазик

1.О верници, не земајте ги непријателите Мои и непријателите ваши за пријатели! А не покажувајте им и наклоност! Тие, секако, не веруваат во она што ви дојде од вистината. Го истеруваат и пејгамберот и вас заради тоа што верувате во Аллах, Господарот ваш. Ако, пак, вие излезете, борејќи се на Мојот пат, барајќи го задоволоството Мое, покажувајќи им наклоност - тајно! Јас најдобро го знам она што го криевте и она што го обелоденувавте. А оној меѓу вас што ќе го направи тоа... да, скршнал по лошиот пат
4.Во Ибрахим и оние што беа со него имавте, навистина, добар пример. Кога му рекоа на народот свој: “Ние сме далеку од вас, навистина, И од она што, освен Аллах, го обожавате. Ние не ви веруваме. Меѓу вас и меѓу нас, меѓутоа, има непријателство и омраза, засекогаш! Се додека не верувате во Аллах, Единствениот“ - освен зборовите на Ибрахим до бабо му: “Ке барам да ти се прости, сигурно! Но, не можам да те заштитам од Аллах во ништо." Господаре наш, врз Тебе се потпираме и Тебе ти се обраќаме и кон Тебе е свратилиштето
10.О верници, кога ќе ви дојдат вернички мухаџирки...па, проверете ги, сигурно! Аллах најдобро го знае верувањето нивно! А ако, пак, се уверите дека се вернички...та, не враќајте ги на неверниците! Тие не се халал за НИВ, а и оние не се халал за овие. И дајте им го она што го потрошија. И немате грев со нив да се венчате кога ќе им ги дадете венчаните подароци. И многубошките не задржувајте ги, И барајте го она што го потрошија, а и тие нека го бараат она што го потрошија. Ете, тоа ви е одлуката на Аллах. Он решава меѓу вас! Аллах е Зналеци Мудар
12.пејгамберу, кога ќе ти дојдат верничките да ти положат заклетва: - дека ништо на Аллах нема да Му здружуваат, дека нема да крадат, дека нема да прават блуд, дека нема да ги убиваат децата свои, дека нема да измислуваат клевети, дека туѓите деца се нивни, дека нема да бидат непослушни во доброто .. тогаш, прифати ја заклетвата и барај прошка за нив од Аллах. Аллах, навистина, е Простувачи Сомилосен