حسن گیلو · македонски јазик

1.Аллаха го слави и она што е на небесата и она што е на Земјата. Он е Силен и Мудар
2.Он е оној кој ги изведе оние кои не веруваат меѓу Следбениците на Книгата од домовите НИВНИ при првото протерување. Вие и не помислувате дека ќе си отидат. А тие, всушност, помислуваа дека тврдините нивни ќе ги заштитат од Аллах. Па, така, Аллах им даде казна отаде од каде што не се надеваа. И Он во срцата нивни внесе страв: ги рушеа домовите свои и со рацете свои и со рацете на верниците. Тогаш, земете ука,о островидни
7.Се она што Аллах направи да стигне пленот до пејгамберот Негов од жителите на градот па... тоа му припаѓа на Аллах,и на пејгамберот, и на ближните, и на јетимите, и на сиромашните, и на патниците... да не би поминувало од раце в раце на богатите меѓу вас. А она што ќе ви го даде пејгамберот - прифатете го, а она што ќе ви го забрани забранете го! Плашете се од Аллах! Аллах, навистина, е Жесток Казнувач
9.И оние кои ја спремаа Медина за живот и за иман уште пред нив: кои ги сакаа оние што се иселија кај Нив, И КОИ не наоѓаат во градите нивни никаква потреба од она што им е дадено, зашто ги сакаат повеќе од самите себеси, иако кај нив има недостиг! МА оние кои ќе се сочуваат од лакомост, па оние, токму, се спасените
11.Не ги гледаш ли оние кои дволично се однесуваат како им зборуваат на браќата свои што не веруваат меѓу Следбениците на Книгата: Ако бидете истерани и ние со вас, сигурно, ќе излеземе и никојпат никому против вас нема да бидеме послушни, а ако, пак, бидете нападнати, ќе ви помогнеме, сигурно! А Аллах сведочи дека се тие лашковци, навистина