حسن گیلو · македонски јазик

1.Ха,мим
13.Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет И на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: “Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!" Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа
15.Па, ете, заради тоа повикувај и биди истраен онака како што ти е наредено! И не следи ги страстите нивни, и кажи: “Верувам во она што е објавено од Аллах во Книгата. Наредено ми е справедливо да судам меѓу вас; Аллах е и Господарот наш и Господарот ваш. Нам - нашите дела а вам - вашите дела. Нема потреба еднинадруги да се докажуваме. Аллах сите ќе не збере, и свратилиштето е - кон Него
48.Па, ако се тргнат на страна, Ние не те испративме да бидеш нивни чувар. Обврската твоја е само да известиш. И кога Ние, навистина, дадовме човекот да ја вкуси милоста Наша, се радува на тоа, а ако, пак, го снајде зло заради она што го направија рацете нивни... та, човекот, навистина, е неблагодарен