حسن گیلو · македонски јазик

1.Се објавува Книга од Аллах, Силен и Мудар
6.Он ве создаде од еден човек. Потоа од него создаде другар. И Он ви даде осум парови на добиток. Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш; власта е - Негова! Нема друг бог освен Него! Па, каде, тогаш, сте кинисале
7.Па ако не верувате... та, Аллах, навистина, е независен ОД вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои, а ако, пак, Му се заблагодарувате, е задоволен со вас. И не ќе ја понесе никој тежината на бремето од друг, а потоа враќањето ваше води кон Господарот ваш... па, ОН ќе ве извести за она што го работевте. Он, навистина, го знае она што е во градите ваши
8.А кога човекот ќе го снајде неволја некаква, го повикува Господарот свој; Нему му се обраќа. И штом ќе му додели благодат од Него, го заборава она за што го молеше порано, И Му припишува на Аллах еднакви за да скршне од патот Негов. Кажи: “ Уживај малку во неверството твое. Ти си, навистина, меѓу жителите на огнот
21.Не гледаш ли дека Аллах, навистина, спушта вода од небесата? Па ја воведува во земјата и така настануваат извори. Потоа, со помош нејзина, вади растенија разновидни. Потоа тоа се суши и го гледаш пожолтено и, на крај, го крши. Во тоа, навистина, има опомена за даруваните со разбир
23.Аллах го објави најубавиот Говор, ККнига со меѓусебно СЛИЧНИ делови, која се Повторува. Оние кои се плашат од Господарот свој ги фаќаат морници на кожата. Потоа, кога ќе се спомене Аллах, се смируваат и кожите нивни и срцата нивни. Ете, тоа, токму, е Патоказ Аллахов со кој Он упатува кого сака. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... та, за него нема упатувач
38.ако ги прашаш кој ги создаде "небесата и Земјата, сигурно ќе речат “Аллах!" Кажи: “Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?“ Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: “Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат
71.ние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом Ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваши ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш?" Ќе речат: “Да!" Но, се овистини зборот за казната на неверниците