8.Врз вратовите нивни Ние ќе закачиме синџири: ќе бидат до брадите нивни, а главите ќе им бидат подигнати
11.Опомената вреди, секако, за оној кој ја следи Опомената и кој се плаши од Милостивиот во тајност. Па, зарадувај го со прошка и награда благородна
12.Ние, секако, ќе ги оживиме мртвите и ќе го забележиме она што го направија, а и трагите нивни. И секоја работа ќе ја вброиме во насоката јасна
14.кога Ние им испративме двајца, па ги сметаа за лажни и ги потсиливме со трет, па рекоа: “Ние, навистина сме пејгамбери испратени до вас
15.Рекоа: “Вие сте само нам слични луѓе. И ништо Милостивиот не испрати а вие да не го сметавте за лажно
18.Рекоа:“Во вас гледаме птица на злото. Ако не престанете ќе ве каменуваме и Ќе ве погоди од нас казна болна
23.Други ли богови освен Него да прифатам? Кога Милостивиот би посакал да ме погоди зло некакво, посредувањето НИВНО во НИШТО нема да ми користи, и не ќе можат да ме избават
28.Но, по него, против народот негов, Ние не испративме војска од небо а, всушност, никојпат не испраќавме
34.И по земјата Ние расфрлавме бавчи со урми и бавчи со грозје, и одредивме од неа да извираат извори
36.Славен нека биде Оној кој создаде парови од се:од она што никне од земјата И од нив самите и од она што не го знаат
40.Ни Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот. И се во вселената плови
45.кога ќе им се рече: “Плашете се за она што беше пред вас и за она што ќе биде по вас за Он да ви се смилува
47.И кога ќе им се рече: “Делете од “рскот кој Аллах ви го даде“ - неверниците им зборваат на верниците: “Да го храниме ли оној кого, ако Аллах сакаше,Ќе го хранеше? Вие сте само во скршнување очигледно
52.ќе речат: “О тешко нам! Кој не оживи од лежиштата наши?" Ова е она што го вети Милостивиот и што го потврдија пејгамберите
60.Нели ви наредив, о синови Адемови, да не го обожавате Шејтанот. Тој, навистина, е ваш јасен непријател
65.Денес Ние ќе им ги запечатиме устите нивни, и ќе Ни зборуваат рацете нивни, а ќе сведочат и нозете нивни... за она што го спечалија
66.И да сакавме Ние сигурно ќе го избришевме опулот нивни и, кога ќе поминуваа по патот, па како ќе гледаа
67.И да сакавме Ние сигурно ќе ги претворевме во нешто при самото место нивно, па не ќе можеа ни да одат ни да се вратат
68.А на оној што Ние ќе му дадеме долг живот, ќе му дадеме да слабее изгледот негов! Не размислуваат ли
71.Не гледаат ли дека Ние, навистина, за нив го создадовме добитокот, од она што го направија рацете Наши, и него го поседуваат
76.И нека не те загрижува говорот нивни. Ние, секако, го зНаеме и она што го кријат и она што го обелоденуваат
78.И нам ни донесе примера заборави на творењето негово. Рече: “ Кој ќе ги оживи коските? Тие се веќе изгниени
81.Нели Оној кој ги создаде небесата и Земјата е Кадар да создаде нешто ним слично? ОН, | навистина, е Творител и Зналец