حسن گیلو · македонски јазик

1.О пејгамберу, плаши се од Аллах и немој да им бидеш послушен на неверниците и дволичните. МААллах, навистина, е Зналец и Мудар
4.Аллах на ниеден човек не му даде две срца во градите негови. И не ви ги одреди жените ваши од кои со зихар се разделувате да бидат мајки ваши, а ниту, пак, посинетите, да бидат синови ваши. Тоа се само зборови со устите ваши. Аллах ја зборува вистината и Он упатува по патот вистински
19.шкржави во помошта кон вас. А кога ќе настапи стравот ги гледаш како гледаат во тебе, играјќи со очите свои како да се во пресрет на смртта. А кога стравот ќе помине ве вознемируваат со јазиците остри, шкржави да направат некакво добро. Таквите не веруваат па, Аллах, ќе ги упропасти делата НИВНИ. Тоа за Аллах, секако, е лесно
33.останете во домовите ваши; и не покажувајте ја убавината онака како што се покажуваше убавината во џахилиетот одамнешен. И намаз извршувајте и зекат давајте, и на Аллах и на пејгамберот Негов бидете послушни. Аллах, навитина, посакува да го отстрани срамното дело од вас,о Ехлул Бејт, за да ве очисти, потПОЛНО
35.И за послушните мажи и за послушните жени, и за верниците и за мпверничките, и за потчинетите мажи и за потчинетите жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за трпеливите мажи и за трпеливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои ги чуваат срамните места и за жените кои ги чуваат срамните места, и за мажите кои го споменуваат Аллаха многу, и за жените кои го споменуваат Аллаха многу... за сите нив Аллах подготви и прошка и награда голема, навистина
37.И кога му рече на оној кого Аллах го благослови и кого ти го благослови: “Задржи ја за себе жената твоја, И плаши се од Аллах; во душата твоја го криеш она што ќе го обелодени Аллах, и од луѓето се плашиш. А Аллах има право повеќе да се плашиш од Него. И бидејќи Зејд реши да се разведе од неа, Ние те оженивме со неа за да нема тешкотија за верниците при женењето со жените на посинетите кога овие ќе решат да се разведат од нив. Наредбата Аллахова, секако, е делотворна
50.пејгамберу, Ние, навистина, ти ги дозволивме жените твои на кои им ги даде венчаните подароци, и оние кои се во посед твој, кои Аллах ти ги даде со пленот, и ќерките на миџовците твои, и ќерките на халите твои, и ќерките на дајџовците твои, и ќерките на тезите твои кои се иселија со тебе; и жената нверничка ако самата ќе му се подари на пејгамберот, а тој ќе посака да ја венча: ова се однесува само на тебе, а не и на верниците останати. Ние го знаеме, секако, она со што ги задолживме во врска со жените нивни, и со оние кои се во посед НИВНИ за да немаш никаква тешкотија. Аллах е Простувач и Сомилосен
51.Некои од нив со посак Твој ги оддалечуваш, а некои, пак, со посак Твој ги повикуваш. А ако ја посакаш некоја меѓу оние кои ги оддалечи немаш грев. Ете, тоа е најлесно со радост да се исполнат очите нивни, И да не тагуваат, и да се задоволат со она што им го даде. Аллах го знае она што е во срцата ваши. Аллах е Зналец и Благ
53.верници, не влегувајте во собите на пејгамберот, освен ако ви се дозволи заради храна. Но, не да чекате додека се зготви. Па, кога ќе бидете повикани, мнвлезете! И кога ќе јадете, растурете се, без да се впуштате во разговор. Тоа, секако, го вознемирува пејгамберот, а тој се срами вам да ви рече, а Аллах, пак, не се срами од вистината! А кога ќе барате од жените нешто, барајте од НИВ, тогаш, зад завеса. Тоа е почисто и за срцата ваши и за срцата нивни. Не ви е дозволено да го мпвознемирувате пејгамберот, а ниту пак, по него, да ги венчавате жените негови. Ете, тоа кај Аллах од вас, навистина, не е мала работа