حسن گیلو · македонски јазик

1.Та, син! Еве ајети на Кур"анот и Книгата јасна
19.Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: “Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри
40.А оној кај него што беше се стекнал со знаење од Книгата, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да трепнеш со окото." И бидејќи го виде како е упорен, рече: “Ова е една од добрините на Господарот мој за да „ме испроба: ќе бидам ли благодарен или нема да бидам благодарен. А оној кој е благодарен, за себеси е благодарен, а оној кој не е благодарен... па, Господарот твој, навистина, е Богат и Благороден
44.И беше речено: “Влезете во дворецот!" И штом таа го здогледа веднаш помисли дека е вода длабока, и ја подигна доламата нејзина за да не се намокри. Сулејман рече: “Не, ова е дворец поплочен со стакленки!" Таа рече: “Тосподаре мој, јас, навистина, за себеси зло си направив; послушна сум, заедно со Сулејман, на Аллах, Господарот на световите