حسن گیلو · македонски јазик

1.Сура што Ние ја објавуваме и обврзувачка што ја одредуваме, и во која ајети јасни објавуваме за да се сеќавате
21.верници, не следете ги стапалките мшејтанови! ДА оној кој ги следи стапалките шејтаНОВИ, па, навистина, наредува срамно дело и зло. А кога не би била добрината Аллахова кон вас и милоста Негова никој Од вас никогаш не би се очистил. Но, Аллах со посак Свој чисти. Аллах е Слушач и Зналец
31.И кажи им на верничките да ги соборат опулите свои и нека ги чуваат срамните места свои, И убавините свои, освен она што се гледа, И нека не ги покажуваат; превезите свои нека ги спуштат на градите. Убавините свои, Исто така, нека не ги кажуваат на други, освен пред мажите свои и бабовците свои, или пред бабовците од мажите свои и синовите свои, Или пред синовите од мажите свои, ИЛИ пред браќата свои, или пред синовите од браќата свои, или пред синовите од сестрите свои, или пред пријателките свои, или пред робинките свои, или пред оние мажи кои немаат желба за жени или пред деца кои не знаат за срамните места на жените. И нека не удираат со нозете свои за да се слушне накитот што го кријат. И сите заедно покајте се, о верници, за да бидете спасени
33.Нека се воздржат оние кои немаат можност да се венчаат се додека Аллах не ги збогати со добрината Своја. А оние кои се Во сопственост ваша, кои посакуваат за тоа да се склучи договор..па, склучете, ако знаете дека при нив има добро. И дајте им од имотот Аллахов кој Он вам ви го даде! Девојките КОИ се во сопственост ваша, не терајте ги на блуд ако тие, секако, сакаат да бидат чесни, само за да спечалите некоја корист на овој свет. А кој ќе ги натера... па, Аллах, затоа што се присилени, кон нив е Простувач и Сомилосен
35.Аллах е Светлина на небесата и на земјата. Светлината Негова е слична на светилка Во зид вдлабната; светилката е ВО кКандил, а кандилот е како звезда која светлината ја ужарува од благородното стебло на маслинката, кое не е НИ ИСТОЧНО НИ западно. Зејтинот само што не свети, иако е недопрен од оган. Светлина над светлина! Кон светлината Своја Аллах упатува кого сака. Ете, така Аллах им донесува пример на луѓето. Аллах знае се
43.Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ги турка облаците? Потоа Он ги спојува и ги натрупува еднинадруги. И гледаш како од нив излегува ДОЖД. И како ОН од облаците на небото, како брда големи, спушта град. Со него удира кого сака, а поштедува кого сака. Молњата Негова, ете, само што не ги ослепи очите
55.На оние меѓу вас кои веруваа и кои работеа добри дела Аллах им вети дека ќе бидат поставени халифи на земјава како што беа поставени халифи и оние пред нив, зајакнувајќи ја верата нивна со која е Он задоволен, и стравот нивни ОН со сигурност нивна ќе го замени. Мене ме обожаваат и ништо не Ми здружуваат. А оние кои не веруваат, по тоа, се расипници, навистина
58.О верници, оние кои се во сопственост ваша и оние кои уште немаат стигнато до полнолетство нека побараат дозвола од вас во три случаи: пред сабах намаз, кога ја оставате облеката ваша, на пладне И по јација намаз. Ете, тоа се три прилики ваши кога не сте облечени. По нив, ни тие ни вие немате грев да се посетувате еднисодруги. Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите Свои. Аллах е Зналец и Мудар
61.Немаат грев ни слепиот, НИ куциот, ни болниот, а ни вие самите, да јадете во куќите ваши, или во куќите од бабовците ваши, или во куќите од мајките ваши, или во куќите од браќата ваши, или во куќите од сестрите ваши, или во куќите од МИЏовците ваши, или во куќите од алите ваши, или во куќите Од дајџовците ваши, или во куќите ОД тезите ваши, или во куќите чии клучеви се во сопственост ваша или, пак, кај пријателите ваши. Немате грев да јадете заедно или одделно. А кога ќе влегувате во куќите... па, поздравете ги, лично, со поздрав Аллахов, благороден и убав. Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите за да се вразумите
62.Да, верници се оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. А кога се заедно со пејгамберот, при некоја работа заедничка, не одат се додека не побараат дозвола од него. Оние кои бараат дозвола од тебе, навистина, се оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. А ако, пак, побараат дозвола од тебе за некоја нивна работа, дај му дозвола на оној од Аллах за нив. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен