6.освен со жените свои или со оние кои се во сопственост нивна... па, тие, навистина, се надвор од прекорот
14.Потоа капката семе Ние ја создадовме засирена крв; од засирената крв создадовме парче месо; од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме; потоа создадовме сосем друго суштество. Па, нека е вишен Аллах. Меѓу создателите ОН е Најубавиот
18.И од небото Ние спуштаме вода со мера, па ја задржуваме во земјата и, секако, кадри сме да ја отстраниме
19.Па, со помош нејзина Ние ви вадиме бавчи со урми и грозје; во нив имате овошје многу и од него јадете
21.Во добитокот, навистина, ибрет имате! Ние ве напојуваме со она што е во стомаците нивни; во него вие имате користи големи и од него, токму, јадете
23.Нуха, секако, Ние го испративме до народот негов, па рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха; друг бог освен него немате. Нема ли да бидете богобојазливи?“
24.Па големците кои не веруваа меѓу народот негов рекоа: “Овој е само човек вам сличен кој си посакува да стекне предност над вас. Кога Аллах би сакал би испратил мелек. За ова ние не слушнавме НИШТО ОД предците наши одамнешни
27.Тогаш Ние му објавивме: “Прави брод пред очите Нашии според објавата Наша: кога ќе дојде наредбата Наша и кога печката ќе прсне, стави во бродот пар од се, И семејството твое - освен оние кои беа против зборот порано - и не обраќај Ми се за оние кои направија зулум; тие се, секако, потопени
28.И кога ќе седнеш во бродот, ти и оние со тебе, кажи: “Благодарение на Аллах кој ме избави од народот зулумќарски
29.И кажи: “Господаре мој, растовари не на бериќетно место, зашто Ти си, меѓу поставувачите, Најдобриот
32.еѓу кои испративме пејгамбер:“Обожавајте го Аллаха; друг бог освен Него немате. Нема ли да бидете богобојазливи?“
33.Големците меѓу оние кои не. веруваа од народот негов, И кои ја сметаа за лажна средбата на оној свет, и на КОИ иМ овозможивме да уживаат на овој свет, зборуваа: “Овој е само човек, вам сличен; јаде од она од што и вие јадете и пие од она што и вие пиете
35.и ветува ли дека вие, навистина, кога ќе умрете, кога земја и коски ќе станете, дека пак ќе се појавите
41.И ги погоди страшен глас, праведно! Па, Ние ги направивме нанес И далеку нека е народот зулумќарски
44.Потоа Ние ги испраќавме пејгамберите "Наши, еднизадруги. И секогаш кога ќе му дојдеше пејгамбер на еден нарОД... го сметаа за лажен; и така Ние еденсодруг ги заменуваме и само одредивме да бидат помен. И далеку нека е народот неверНИЧКИ
50.А синот на Мерјем и мајка му Ние ги одредивме знамение и ги засолнивме на едно ритче мирно, со поток
52.Оваа заедница, навистина, е ваша заедница единствена, а Јас сум Господарот ваш, па бидете богобојазливи
53.меѓу себе оние се поделија, во она што ги обединуваше, на деленици, и секоја странка го величаше она што е при неа
60.кои даваат од даеното им, а срцата нивни се исполнети со трепет од тоа дека, навистина, ќе Му се вратат на Господарот свој
62.И Ние никого не оптоваруваме над можноста негова. При нас е Книгата која зборува вистина. И ним не ќе им се наштети
63.Но, не! Срцата нивни Во врска со тоа се во беспаќе а, делата нивни што ги работат, се спротивни на тоа
68.Зошто не размислуваат за Говорот? Или, пак, им доаѓа нешто што не им беше дошло на предците нивни одамнешни
70.Или, пак, им зборуваат за него: “При него има џинови!" Но, не! Пејгамберот им дојде со вистина, а, ете, МНОЗИНСТВОТО ОД нив не ја признаваат вистината
71.Кога Вистината би ги следела желбите нивни, сигурно би пропаднале и небесата и Земјата и она што е во НИВ. Напротив, Ние им ја дадовме опомената нивна а тие, токму, се рамнодушни кон опомената
72.Или, пак, од нив бараат придонес? Придонесот од Господарот твој е подобар. Он меѓу снабдувачите е Најдобриот
75.И Ние да им се смилувавме и да им ја отстраневме штетата од нив пак ќе лутаа, навистина, во пакоста своја
76.Да, ги обземаше казната Наша, а тие, ете, не Му се потчинуваа на Господарот свој, а ниту Го молеа понизно
80.И Он оживува и Он усмртува. Сменувањето на ноќта и денот е обврска Негова. Нема ли да се вразумите
82.Зборуваат: “И зарем кога ќе умреме и кога земја И коски ќе станеме ќе бидеме ли, навистина, оживеани
83.И порано веќе тоа ни беше ветено, нам и на предците наши; ова се само измислици на народите одамнешни
88.Кажи: “Кој е Оној во чија рака е власта над секоја ствар? Кој штити и од Кого не може да се заштити. Е, само да знаете
91.Аллах не си присвои дете и покрај Него нема друг бог. Тогаш, секој бог би го земал, секако, она што би го создал, И еднисодруги ќе се натпреваруваа. Возвишен е Аллах над она со што го опишуваат
100.ќе работам добро во она што го оставив." А, не! Тоа се само зборови кои ги зборува. А зад нив, меѓутоа, има Берзах до Денот во кој ќе бидат оживеани
101.кога ќе се дувне во Сурлата.. роднински врски еднисодруги веќе нема да има на Денот тој и не ќе се прашуваат за Ништо
103.А оние, пак, чии ваги нема да натежнат со добро... оние, токму, се упропастија самите себеси, во Џехеннемот за навек ќе останат
107.Господаре наш, извади не од него, зашто, ако иста грешка направиме... та, тогаш сме, навистина, зулумќари
109.Меѓу робовите Мои има една дружина која, навистина, зборува: “Господаре наш, ние веруваме, прости ни и смилуј ни се зашто Ти си меѓу милостивите Најдобриот
117.оној кој се повикува на друг бог освен Аллах нема доказ за тоа. Та, пресметката негова е кај Господарот негов. Неверниците, навистина, нема да успеат
118.кажи: “Господаре мој, прости и смилуј се! Ти си меѓу милостивите Најдобриот!" милостивите Најдобриот