حسن گیلو · македонски јазик

1.мплуѓе, плашете се од Господарот ваш! Потресот при Часот, навистина, е нешто големо
5.О луѓе, ако сте при сомнение во проживувањето, па Ние, ве создадовме од земја, потоа од капка семе, потоа Од засирена крв, потоа од парче месо, целосно и нецелосно за да ви објасниме; и во утробите утврдуваме со посак Наш до рок определен; потоа ве вадиме како малечко за да станете потоа мажевствени. Некои меѓу вас умираат а некои, пак, во длабока старост паѓаат, така што она што некогаш го знаеја сега не го знаат. Земјата ја гледаш замрена, па кога ќе спуштиме на неа вода... ете, таа ќе заживее, ќе забуја и ќе за" рти растение од секој вид убав
18.Не знаеш ли дека на Аллах, секако, на сеџде му паѓа се она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и звездите и планините, и стеблата и животните и, исто така, многу меѓу луѓето? А многу има кои ја заслужуваат казната. ДА оној кого Аллах ќе го понижи нема НИКОЈ што ќе го удостои. Аллах, навистина, работи што сака
36.Еден од обредите хаџиски се и камилите кои Аллах ви ги одреди. Во нив, за вас, има добро. Споменувајте го името Аллахово кога ќе бидат во редови поредани. А кога ќе паднат на земја, јадете од нив И нахранете го оној што е задоволен со тоа и оној кој пита. Ете, Ние така ви ги потчинивме за да бидете благодарни
40.оние кои се истеруваат од огништата нивни бесправно, затоа што зборуваа: “Господарот наше Аллах." Кога Аллах не би ги спречувал луѓето еднисодруги ќе беа срушени манастирите, и црквите, и синагогите И џамииите во кои многу се споменува името Аллахово. И Аллах сигурно не ќе му помогне на оној кој не го помага Аллаха. Аллах, навистина, е Моќени Силен
72.кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, ти приметуваш на лицата од оние кои не веруваат неодобрување некакво. Само што не ги фаќаат в гуша на оние кои им ги кажуваат ајетите Наши. Кажи: “Да ве известам ли за злото на тоа? Оган што им го вети Аллах на оние кои не веруваат. “ Е, само колку е лош тоа свратилиште
78.И борете се на Аллаховиот пат со борба вистинска за Него. ОН ве избра и во верата не ве задолжи со нешто исклучително, во верата на вашиот бабо Ибрахим. Он ве именуваше од порано како муслимани, и во овој Кур ан, исто така, за пејгамберот да биде сведок против вас, а вие да бидете сведоци против луѓето. Па, намаз извршувајте и зекат давајте и држете се за него; ОН е заштитникот ваш. Е, само колку добар ЗашТИТНИК е ОН! КЕјсамо колку добар Поддржник е Он