حسن گیلو · македонски јазик

1.Благодарение на Аллах кој на својот роб му објави Книга која не ја искриви
17.И ти гледаш кога сонцето изгрева како се шири на десната страна од пештерата нивна, а кога заоѓа поминува на нивната лева страна, додека се тие во еден отворен простор во средината нејзина. Ете, тоа се од знаменијата "Аллахови. Оној што Аллах ќе го упати... па, упатен е, а оној кого ОН ќе го скршне во заблуда... па, за него не ќе најдеш ни заштитник ни показник
19.И сте, така Ние ги пробудивме за да се прашуваат еднисодруги. Говорник еден меѓу ниврече: “Колку останавте?“ Рекоа: “Останавме еден ден или дел од еден ден." Рекоа: “Господарот ваш најдобро знае колку останавте." Испратете, тогаш, еден од вас со овие сребренарии ваши, па градот нека види која е најчистата храна и нека ви донесе од “рскот, нека се однесува учтиво и нека никого. не извести за вас
21.ете, така Ние ги запознавме другите за нив за да знаат дека ветувањето „"Аллахо-во, навистина, е вистинско и дека во Часот последен нема сомнение, навистина! Тогаш кога за работата нивна расправаа еднисодруги, рекоа: “Подигнете над нив една зграда. Господарот нивни најдобро ги знае." Оние кои преовладуваа во таа работа нивна, рекоа: “Да изградиме еден храм пред нив
22.Ќе речат: “Тројца се, кучето нивно е четвртото." Ќе речат: Петмина се, кучето нивно е шестото." За невидливото ќе дофрлуваат. Ке речат: “Седмина се, кучето нивно е осмото..." Кажи: “Господарот мој најдобро го знае бројот нивни." И само малкумина го знаат. И расправај за нив само привидно и не барај, во врска со нив, мислење од НИКОГО
28.И стрпи се заедно со оние кои Го повикуваат Господарот свој И наутро и навечер, посакувајќи Го лицето Негово, и не тргај ги опулите ТВОИ ОД Нив, посакувајќи го украсот во животот на овој свет; И не биди послушен кон оној чие срце го потемнивме и кој не Не споменува, и кој ја следи страста своја, а неговата постапка муе прекумерна
29.И кажи: “Вистината е од Господарот твој... па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува." За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа
50.И кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!" Сите паднаа на сеџде, освен "Иблис. Тој беше меѓу џиновите па ја оскверни заповедта од Господарот свој. Ке ги земате ли, тогаш, него и ПОТОмМСТВОТО негово за заштитНИЦИ покрај мене? Оние се ваши непријатели. Е, само колку е лоша таа замена за зулумќарите
57.И кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе се споменат ајетите на Господарот негов, е рамнодушен кон нив и кој заборава она што го направија рацете негови. Врз срцата нивни Ние им ставивме завеса за да не го разберат Куранот, а во ушите нивни тежина. И ако ги повикаш кон Патоказот, тогаш, за навек не ќе се упатат
82.Што се однесува до зидот, па тој е во сопственост на две јетимчиња од градот. Под него се наоѓа благо за нив. Бабо им беше добар. И ете, така Господарот твој посака тие деца да пораснат, да сјакнат и да си го извадат благото свое: тоа е милост од Господарот твој. Се што направив, не направив по свое. Ете, така, тоа е толкување за она за што не можеш да се стрпиш