حسن گیلو · македонски јазик

1.Наредбата Аллахова ќе се оствари, сигурно, па не забрзувајте ја! Славен е и Возвишен од она што Му го здружуваат
35.И оние кои здруженик Му припишуваа на Аллах, зборуваа: “Кога Аллах би сакал не би обожавале, освен Него, ништо. Ние, а и предците наши, исто така! Ништо не ќе забрануваме без волјата Негова." Ете, така работеа оние пред нив. Пејгамберот, тогаш, има ли нешто друго освен да извести и тоа јасно
92.И не бидете како онаа која ќе го распреде предивото свое, по нејзиното цврсто предиво, земајќи ги ветувањата ваши за измама меѓу вас, само затоа да биде заедница која ќе биде побројна од друга заедница. Аллах во тоа само ве искушува за да ви објасни, секако, на Денот суден за она за што, токму, станавте деленици