الانفطار
حسن كيلو · македонски јазик
١.
Кога небесата ќе се расцепат
٢.
кога звездите ќе се растурат
٣.
и кога морињата ќе избувнат
٤.
и кога мезарите ќе се испревртат
٥.
ќе го узнае душата она Што го направила и за овој свет и за оној свет
٦.
О човеку, што те заведе од Господарот твој Благороден
٧.
Кој те создаде?... пате направи целосен и складен
٨.
и Кој со посак Свој ликот ти го среди
٩.
Но, не! Лажете за Денот ветен, сепак
١٠.
А врз вас се МЧуварите мелеки, навистина
١١.
благородни пишувачи
١٢.
кои знаат што правите
١٣.
Добротворите ќе бидат во благосостојба, навистина
١٤.
А грешниците ќе бидат во огнот Џехеннемот, навистина
١٥.
Во кој ќе бидат турнати на Денот суден
١٦.
И не ќе можат да не бидат во него
١٧.
И знаеш ли ти што е Денот суден
١٨.
И пак, знаеш ли ти штое Денот суден
١٩.
Ден во кој никој за НИкого не може ништо. НВНаредбата тогаш е - Аллахова