١.Кажи: „Мене ми е објавено дека неколку џинни232 прислушкувале ирекле: ,Ние навистина Куранот, кој предизвикува восхит, го слушавме
٢.кој на Вистинскиот пат упатува – и ние во него поверувавме и веќе никого нема на Господарот наш рамен да Му сметаме,‘
٩.и седевме околу него на местата за прислушкување за да чуеме нешто, но тој, што сега прислушкува, на метеор кој демне ќе наиде
١٣.И ние, штом Куранот го чувме, во него поверувавме; а кој верува во Господарот свој, ниту одштета ниту однеправда нетреба да сеплаши
١٤.и има послушни муслимани, а нè има и заталкани; тие што исламот ќе го прифатат - Вистинскиот пат го избрале
١٧.за со тоа на искушение да ги ставиме; а тој што не сака Господарот свој да го спомнува - Тој во тешко страдание ќе го воведе
٢١.Кажи: „Јас не сум во состојба од вас некаква штета да отстранам, ниту на некој од вас каква било корист да му обезбедам.“
٢٢.Кажи: „Мене никој од Аллаховата казна не може во заштита да ме земе; само кај Него јас можам прибежиште да најдам
٢٣.можам само да го соопштам тоа што е од Аллах и од посланието Негово.“ А тој што на Аллах и на Пратеникот Негов нема да им биде послушен - сигурно го чека огнот џехеннемски; во него вечно и засекогаш ќе остане
٢٥.Кажи: „Јас не знам дали наскоро ќе биде тоа што ви се ветува или Господарот мој одредил тоа по подолго време да биде
٢٧.освен на тој што Тој за Пратеник ќе го одбере; затоа Тој и пред него и зад него ги поставува тие што ќе го чуваат
٢٨.за да покаже дека посланијата од Господарот свој ги доставиле, Тој во детали го знае тоа што е во нив, Тој ја знае бројноста на сè што постои.“