٤.Тој гревовите ваши ќе ви ги прости и во живот до одредениот час ќе ве остави, а кога Аллаховиот одреден час ќе дојде, да знаете дека навистина нема да се одложи.“
٧.И кога и да ги повикував да им простиш, прстите свои во ушите ги ставаа и со алиштата свои се покриваа – беа упорни и претерано вообразени
٢١.Нух рече: „Господару мој, тие мене не ме слушаат и се поведуваат по оние чиишто богатства и деца пропаста нивна само ја зголемуваат
٢٣.И велат: „Никако божествата ваши не ги оставајте, и никако, ниту Ведд, ниту Сува, а ни Јегус, ни Јеук, ниту Неср не ги напуштајте!“
٢٥.И тие поради гревовите свои се потопени, и во Огнот ќе бидат воведени и никого за себе, освен Аллах, како помошник нема да најдат
٢٧.бидејќи, ако ги оставиш, тие робовите Твои возаблуда ќе ги заведуваат и само грешници и неверници ќе раѓаат
٢٨.Господару мој, прости ми мене, и на родителите мои, и на тој што како верник во домот мој ќе влезе, и на верниците и верничките, а на насилниците само пропаста зголеми им ја!“