١.О, Веровеснику, зошто си го забрануваш себеси тоа што Аллах ти го дозволил, сакајќи го задоволството на своите сопруги? А Аллах многу простува и Милостив е
٢.Аллах ви пропиша како своите заклетви да си ги искупите; Аллах е вашиот Господар; Тој сè знае и Мудар е
٣.Кога Веровесникот на една од своите сопруги една тајна ѝ довери, па таа ја издаде – а Аллах тоа нему му го откри – тој еден дел ѝ беше кажал, а останатото го премолчел. Па кога тој за тоа ја извести, таа праша: „Кој те извести за тоа?“ – тој рече: „Ме извести Сезнајниот, Кому ништо не Му е скриено.“
٤.Ако вие две Му се покаете на Аллах, па вие го сторивте тоа за што требало да сепокаете. Аакосе здружите против него, па Аллах енегов заштитник, и Џибрил, и честитите верници; на крај, и сите мелеци ќе му бидат на помош
٥.Ако тој ве разведе, Господарот негов наместо вас ќе му даде подобри жени одвас; муслиманки, муминки, послушни на Аллах, покајанички, кои се плашат од Аллах, кои постат, вдовици и девојки
٦.О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат, и за кој строги и силни мелеци ќе се грижат, коишто на тоа што Аллах ќе им го заповеда нема да бидат непослушни, и кои тоа што ќе им се нареди ќе го извршат
٨.О, вие кои верувате, покајте Му се на Аллах искрено, за Господарот ваш да премине преку вашите лоши постапки и во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат, да ве воведе, на Денот во кој Аллах нема да го осрамоти Веровесникот и тие коишто заедно со него веруваа; светлото нивно ќе оди пред нив од нивната десна страна.„Господару наш“ – ќе велат тие – „направи го потполно светлото наше и прости ни, бидејќи Ти, навистина, можеш сè.“
٩.О, Веровеснику, бори се против неверниците и лицемерите и биди строг спрема нив! Нивно престојувалиште ќе биде џехеннемот, а тоа е ужасно живеалиште
١٠.Аллах ги наведува како поука за тие што не веруваат, жената на Нух и жената на Лут: беа мажени за двајца Наши честити робови, па ги измамија, и тие двајца нема да можат кај Аллах да им помогнат, и ќе се каже: „Влезете вие две во Огнот, со тие што влегуваат!“
١١.А на тие што веруваат, Аллах како поука им ја наведува жената фараонова, кога рече: „Господару мој, изгради ми кај Себе куќа во џеннетот и спаси ме од фараонот и неговите постапки, и избави ме од неправедниот народ
١٢.И Мерјем, ќерката Имранова, која невиноста своја ја сочува, а Ние вдахнавме живот во неа, и таа во зборовите на Господарот свој и во книгите Негови веруваше и беше од тие што го поминуваат времето во молитва