علماي مقدونيه · македонски јазик

١.О, Веровеснику, кога ќе сакате да се разведете од сопругите, пуштете ги во времето кога се чисти, а потоа времето што треба да помине бројте го и од Господарот свој, Аллах, плашете се. Не терајте ги од становите нивни, а ни тие нека не излегуваат, освен ако сторат очигледно срамно дело. Тоа се Аллаховите прописи. Тој што ги крши Аллаховите прописи, самиот себеси неправда си чини. Ти не знаеш, Аллах може после тоа да пружи можност за помирување
٢.Па кога ќе го достигнат времето на своето чекање, вие или на убав начин задржете ги или великодушно од нив конечно разведете се, и како сведоци двајца ваши праведни луѓе земете, и сведочењето заради Аллах извршете го! Тоа е совет за тој што верува во Аллах и во оној свет – а на тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез
٦.Оставете ги нив да живеат таму каде што живеете и вие, според своите можности, ине правете им тешкотии соцел притисок да им извршите. Ако се трудни, дајте им издршка сè додека не се породат; а ако ви ги дојат децата, тогаш дајте им ја заслужената награда и договорајќи се меѓусебно на убав начин. А ако настанат недоразбирања, тогаш друга нека му го дои детето
١١.Пратеник, кој Аллаховите јасни ајети ви ги кажува, за од темнини на светлина да ги изведе тие што веруваат и што прават добри дела. А тој што ќе верува во Аллах и ќе прави добри дела, ќе го воведе во џеннетските градини, низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат, Аллах ќе му дава прекрасно снабдување