علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах. Нему власта и Нему благодарноста Му припаѓа; Тој може сè
٩.На Денот кога Тој ќе ве собере, на денот на Собирот, тоа е ден кога ќе ви биде јасно дека меѓусебно се измамивте. Кој верувал и правел добри дела, Тој ќе му ги прекрие лошите дела и ќе го воведе во џеннетските градини низ кои реки течат; во нив вечно и за навек ќе живее. Тоа ќе биде голем успех