علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Тој е Силниот и Мудриот
٦.А кога Иса, синот Мерјемин, рече: „О, синови Израилови, јас сум ви Аллахов Пратеник да го потврдам пред мене објавениот Теврат и да ви донесам радосна вест за Пратеникот чиешто име е Ахмед, кој ќе дојде после мене“, и кога им ги донесе тој јасните докази, тие рекоа: „Ова е јасна магија!“
١٤.О, верници, бидете Аллахови помагачи како што им рече Иса, синот Мерјемин, на блиските следбеници: „Кои се моите помагачи во повикувањето кон Аллах?“ Блиските следбеници одговорија „Ние сме Аллаховите помагачи!“ Па една група од синовите Израилови поверува, а другата не! Па тие што веруваа против непријателите нивни ги зајакнавме, и тие победија