علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Тој е Силниот и Мудриот
٢.Тој при првото прогонство од домовите нивни ги протера тие следбеници на Книгата кои не веруваа. Вие не мислевте дека ќе отидат, а тие мислеа дека нивните тврдини од Аллаховата казна ќе ги одбранат, но Аллаховата казна им дојде оттаму од каде што не се надеваа и Тој во срцата нивни влеа страв; со сопствените раце и со рацете на верниците своите домови ги рушеа. Затоа земете од тоа поука, о, вие кои гледате
٧.Пленот од жителите на селата и на градовите кои Аллах му ги дарува на Пратеникот Свој им припаѓа: на Аллах и на Пратеникот Негов, и на неговите ближни, и на сирачињата, и на сиромашните и на патниците-намерници, за да не преоѓа само од раце во рацете на вашите богаташи; тоа што Пратеникот ќе ви го даде - земете го, а тоа што ќе ви го забрани - оставете го; и плашете се од Аллах бидејќи Аллах навистина жестоко казнува
٩.И на тие што пред нив Медина ја населија и верувањето го прифатија; тие ги сакаат оние коишто им се доселуваат и во градите свои никаква тешкотија не чувствуваат, и сакаат повеќе за нив отколку за себе, иако и на нив самите им е потребно. А тие што ќе се сочуваат од лакомоста и скржавоста, тие сигурно ќе успеат
١١.Зарем не гледаш како лицемерите им говорат на своите пријатели, на следбениците на Книгата кои не веруваат: „Ако бидете протерани, ние сигурно со вас ќе појдеме и кога ќе се однесува на вас, никогаш никому нема да му се покориме; а ако бидете нападнати, сигурно на помош ќе ви дојдеме.“ – а Аллах е сведок дека тие навистина се лажливци