علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Аллах ги слушна зборовите на таа што со тебе за својот маж се расправаше и на Аллах Му се жалеше227, а Аллах го слуша вашиот меѓусебен разговор, бидејќи Аллах навистина сè слуша и сè гледа
٢.Тие од вас коишто на жените свои ќе им кажат дека веќе не им се допуштени, како што не им се допуштени мајките нивни – а тие не се нивни мајки, мајки нивни се само тие што ги родиле – тие навистина зборуваат лоши зборови и невистина, а Аллах сигурно ги брише гревовите и простува
٣.Тие што на жените свои ќе им кажат дека не им се допуштени, како што не им се допуштени мајките нивни, а потоа ќе решат да се вратат на ставот на кој биле пред изречените зборови, должни се, пред едни со други да се допрат, да ослободат еден роб од ропство. Тоа ви се наредува, а Аллах добро го знае тоа што вие го правите
٧.Зарем не знаеш дека Аллах знае што има на небесата и што има на Земјата? Нема тајни разговори меѓу тројца, а Тој да не е четвртиот, ниту меѓу петмина, а Тој да не е шестиот, ни кога се помалку ни кога се повеќе, а Тој да не е со нив каде и да се; Тој на Судниот ден ќе ги извести за тоа што го работеле, бидејќи Аллах сè добро знае
٨.Зарем не ги гледаш тие на коишто им е забрането да си дошепнуваат како потоа се враќаат на тоа што им е забрането и си дошепнуваат за гревот и за непријателството и за непослушноста кон Пратеникот. А кога ти доаѓаат те поздравуваат онака како што Аллах никогаш не те поздравил, и меѓу себе велат: „Би требало Аллах веќе еднаш да нè казни за тоа што го зборуваме!“ – Доволен ќе им биде џехеннемот! Во него ќе горат, а тој е грозно живеалиште
١١.О, верници, кога ќе ви се каже: „Направете место за другите таму каде што се седи“ – вие направете, па и вам Аллах место ќе ви направи; а кога ќе ви се каже: „Станете“ – вие станете, и Аллах на високи степени ќе ги воздигне тие што веруваат и на коишто им е дадено знаење. А Аллах добро го знае тоа што го правите
٢٢.Луѓетокоишто веруваат во Аллах ивооној свет нетреба да сесакаат со тие коишто на Аллах и на Пратеникот Негов им се спротивставуваат, па макар и тие да им се татковци нивни, или синови нивни, или браќа нивни, или роднини нивни. Тој на нив им всади верување во срцата нивни исо Светлото Свое ги зајакна, и Тој ќе ги воведевоџеннетските градини низ коишто реки ќе течат, за во нив вечно да останат. Аллах е задоволен со нив, а и тие ќе бидат задоволни со Него. Тие се Аллахова партија, а навистина Аллахова партија се тие што сигурно ќе успеат