٢٣.Тоа се само имиња кои вие и предците ваши им ги дадовте, Аллах за нив никаков доказ не пратил; тие се поведуваат само по претпоставки и по тоа по што душите им копнеат, а од Господарот нивен веќе им дојде Упатство
٢٦.А колку мелеци има на небесите чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сè додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен
٢٨.а за тоа ништо не знаат, само претпоставки следат, а претпоставката на вистината нималку не ѝ користи
٣٠.Тоа е врвот на нивното знаење – Господарот твој добро ги знае тие што скршнаа од Неговиот пат и Тој добро ги знае тие што се на Вистинскиот пат
٣١.Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата – за, според тоа што го правеле, да ги казни тие што прават зло, а со најубава награда да ги награди тие што прават добро
٣٢.тие што ги избегнуваат големите гревови иразвратот, анапослушните Тој ќе им прости бидејќи Господарот твој, навистина, многу простува, - Тој добро знае сè за вас, откога ве создаде од земја и откога бевте ембриони во утробите на мајките ваши; затоа не фалете се со безгрешноста своја – Тој добро го знае тој што се чува од гревови