١٨.и ќе уживаат во тоа што Господарот нивен им го дал – нив Господарот нивен од страдањето во огнот ќе ги сочува
٢١.Тие што веруваа и по кои децата нивни во верувањето се поведоа, ќе им ги приклучиме и децата нивни, а делата нивни нема ниту малку да ги намалиме – секој човек е одговорен за тоа што сам го направил
٢٣.едни на други, во него, полни чаши ќе додаваат – поради нив нема да има празни муабети и побуди кон грев
٣٨.Зар тие имаат скали, па на нив прислушкуваат? Тој, меѓу нив, кој тврди дека нешто слушнал нека донесе јасен доказ
٤٣.Зарем тие друг бог освен Аллах да имаат? Возвишен и Чист е Аллах од тоа што тие рамен Му припишуваат
٤٨.А ти трпеливо чекај ја пресудата од Господарот свој, зашто ти си пред Нашите очи; и величај Го и заблагодарувај Му на Господарот свој кога стануваш (од спиење)