٥.Зарем да се откажеме Опомената да ви ја соопштуваме затоа што секоја граница на злото ја поминувате
٩.Па ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, тие сигурно ќе речат: „Ги создаде Силниот и Сезнајниот!“
١١.Тој што од небото водата со мерка ја спушта, со чија помош во живот ги враќаме мртвите предели – така и вие од гробовите ќе бидете оживеани
١٣.на палубите и на грбовите нивни да се сместите и, потоа, кога ќе се исправите на нив, да се сетите на благодатите од Господарот свој и да кажете: „Славен и Возвишен нека е Тој што ова ни го потчини, ние не би можеле тоа сами да го постигнеме
١٧.А кога некој од нив бива известен за тоа што на Семилосниот слично Му припишува (дека добил ќерка), лицето му се замрачува и тој се полни со гнев
١٨.Зарем тие (ќерките) коишто растат во украси и коишто во расправа се беспомошни, Му ги припишувате на Аллах
١٩.Тие ги сметаат мелеците, кои се робови на Семилосниот, за жени. Зарем тие присуствувале при создавањето нивно? – Нивните тврдења ќе бидат запишани и тие ќе одговараат
٢٠.Тие велат: „А да сакаше Семилосниот, ние нив немаше да ги обожуваме“. Тие за тоа ништо не знаат, тие само лажат
٢٢.Тиедуриивелат:„Ниегизатекнавмепредцитенашикакојаисповедаат верата и следејќи ги стапките нивни ние сме на Вистинскиот пат.“
٢٣.Исто така, пред тебе, Ние ниту во еден град не испративме Опоменувач, а тие коишто живееја сораскошен живот да незборуваа: „Ги затекнавме предците наши како ја исповедаат верата и ние стапките нивни ги следиме.“
٢٤.„Зарем и тогаш“ – ќе велеше тој – „кога јас ви носам подобра (вера) од таа којашто од предците ваши сте ја запамтиле?“ А тие ќе одговараа: „Ние не веруваме во тоа што е пратено по вас!“
٢٦.А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате
٢٨.Тој ги направи зборовите на тевхидот (монотеизмот) трајни за потомството свое, за да се враќаат (кон тие зборови)
٢٩.А Јас дури и им допуштив на овие, а и на предците нивни, да уживаат сè додека не им дојде Вистината и очигледниот Пратеник
٣٢.Зарем тие да расподелуваат милоста на Господарот твој? Ние им даваме сè што им е потребно за животот на овој свет и Ние едните над другите ги издигнуваме за неколку степени, за едните да ги служат другите. – А милоста на Господарот твој е подобра од тоа што тие го натрупуваат
٣٣.А да немаше сите луѓе да станат неверници, Ние на тие што не веруваат во Семилосниот покривите на куќите од сребро ќе им ги направевме, а и скалите по кои се качуваат
٣٥.и украси од злато би им дале, бидејќи сето тоа е уживање во животот на овој свет, а оној свет кај Господарот твој ќе биде за тие што ќе ги извршуваат Неговите наредби, а ќе се чуваат од Неговите забрани
٣٦.Тој што ќе сврти грб на Опомената на Семилосниот, Ние шејтанот ќе му го натовариме, па тој неразделен другар ќе му стане
٣٨.И кога некој од нив ќе дојде пред Нас, ќе рече: „Камо среќа меѓу мене и тебе да имаше раздалеченост колку што има меѓу истокот и западот! Колку злобен другар си бил ти!“
٤٢.или, да сакавме да ти го покажеме тоа што им го ветивме - па Ние можеме нив со секаква казна да ги казниме
٤٥.Погледни воодредбите објавени на Пратениците Наши, кои пред тебе ги праќавме, дали наредивме, покрај Семилосниот, да се обожуваат други божества
٤٦.Уште одамна Ние го пративме Муса со доказите Наши кај фараонот и кај главатарите негови, и тој рече: „Јас сум, навистина, Пратеник од Господарот на световите!“
٤٨.И Ние доказите им ги покажувавме, сè еден поголем од друг! И со казна ги опфаќавме, за да се повратат (на Вистинскиот пат)
٤٩.Тие велеа: „О, ти маѓепснику! Замоли Го Господарот свој, во наше име, врз основа наветувањето што ти го дал, и ние сигурно по Вистинскиот пат ќе појдеме!“
٥١.И фараонот му се обрати на народот свој: „О, народе мој,“ – рече тој – „зарем не ми припаѓа мене царството во Египет и овие реки кои под мене течат – сфаќате ли
٥٧.А кога на народот твој како пример им беше наведен синот Мерјемин, тие одеднаш поради тоа кренаа врева
٥٨.и рекоа: „Дали се подобри нашите кипови или тој?“ А ти го наведоа како пример само за да предизвикаат кавга, бидејќи тие се кавгаџиски народ
٥٩.Тој беше само роб кого Ние со пратеништво го почестивме и како пример за поука на синовите Израилови го направивме
٦١.навистина тој (Иса) е предзнак за Крајот на светот, затоа никако не се сомневајте во него и следете го упатството Мое! Ова е Вистинскиот пат
٦٣.А кога Иса очигледни докази донесе, рече: „Ви носам мудрост и доаѓам да ви го објаснам тоа за што не се согласувате. Затоа, плашете се од Аллах и мене покорувајте ми се
٦٥.Но сектите од нивните редови помеѓу себе се подвоија. Па тешко им на насилниците од казната на Денот на болката
٦٧.Тој Ден, тие коишто си беа пријатели, непријатели ќе станат, освен тие кои се плашеа од Аллах и кои се чуваа од гревовите
٧١.Тие ќе бидат служени од садови и чаши од злато, во него ќе има сè што душите ќе посакаат и сè со што очите се насладуваат, и во него вечно ќе престојувате
٧٧.Тие ќе довикуваат: „О, (мелеку) Малик! Господарот твој нека пресуди да умреме!“ – а тој ќе рече: „Вие тука вечно ќе останете!“
٨٠.Зарем тие мислат дека Ние не слушаме што разговараат насамо и како меѓусебно се договараат? Ние слушаме, а мелеците наши пратени, кои се со нив, запишуваат
٨٢.Нека е Славен и Возвишен Господарот на небесата и на Земјата, и Господарот на Аршот, од тоа како тие Го опишуваат
٨٣.Па ти остави ги нека се впуштаат во заблуда и нека се забавуваат додека не го доживеат Денот кој им се заканува
٨٥.И нека е возвишен Тој чијашто власт е на небесата и на Земјата, и помеѓу нив, единствено Тој знае кога ќе биде Крајот на светот и Нему сите ќе Му се вратите
٨٦.Тие на коишто тие, освен Нему, им се молат – нема да можат за други да се заземаат; ќе можат само тие кои ја признаваат Вистината, тие кои знаат
٨٨.А Пратеникот ги кажа зборовите свои: „Господару мој, ова навистина се луѓе кои не сакаат да веруваат!“