علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Ха-мим
٤٤.А да го објавивме Куранот на туѓ јазик, тие сигурно ќе кажеа: „Би требало ајетите да бидат разбирливи! Зарем јазикот да е туѓ, а тој на когомусеобјавува е Арап?“ – Кажи: „Тој еупатство илек заверниците. А тие што не сакаат да веруваат – и глуви и слепи се! Како да биваат повикувани од далечни места
٤٧.Само Тој знае кога ќе настапи Крајот на светот. А ниту плодовите не излегуваат од своите цветни чашки и ниту една жена не забременува и не раѓа, а Тој тоа да не го знае. А на Денот кога Тој ќе ги праша: „Каде се тие што Ми ги припишувавте за рамни?“ – тие ќе одговорат: „Ти јавуваме дека никој од нас тоа не го тврди.“
٥٠.Кога ќе го опсипеме со милоста Наша, по несреќата која го снашла, тој вели: „Ова го заслужив и јас не мислам дека Часот суден ќе дојде. А ако бидам вратен кај Господарот свој, кај Него ме чека џеннет.“ А Ние сигурно ќе ги известиме тие што не веруваа за тоа што го правеа и навистина ќе им дадеме да искусат тешко страдање