علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Ха-мим
٧.Мелеците кои го носат престолот и тие што се околу него Го величаат и Го фалат Гоподарот свој и веруваат во Него и се молат гревовите на верниците да им бидат простени: „Господару наш, Ти со милоста и со знаењето опфаќаш сè; затоа прости им на тие што Ти се покајаа и кои го следат Твојот пат и сочувај ги од страдањето во Огнот
٢٨.А еден човек, верник, од семејството на фараонот, кој го криеше верувањето свое, рече: „Зарем да го убиете човекот затоа што вели: „Мојот Господар е Аллах!“, а ви донесе јасни докази од Господарот ваш? Ако е лажливец, неговата лага нему ќе му наштети, а ако ја говори вистината, тогаш ќе ве стигне барем нешто од тоа што ви се ветува; Навистина Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што претерува во зло и кој многу лаже
٧٨.И пред тебе Пратеници испраќавме, за некои од нив ти кажувавме, а за некои не ти кажувавме. И ниеден Пратеник не можеше да направи никакво чудо без Аллахова волја. А кога Аллаховата закана ќе се исполни, ќе биде пресудено според правдата и тогаш лажливците ќе бидат губитници