علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот
٣.Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: „Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах“ – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник
٦.Тој од еден човек ве создава – а од него сопругата негова ја создаде – и Тој ви даде осум видови добиток; Тој ве создава во утробите на мајките ваши, давајќи ви облици, еден по друг, во три темнини. Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот ваш, Негова е власта, нема друг бог освен Него, па тогаш каде се одметнувате
٧.Ако вие нема да верувате, па, Аллах не зависи од вас, но Тој не е задоволен со неверувањето на Своите робови. А ако бидете благодарни, Тој со тоа ќе биде задоволен. А ниедна душа нема да ги носи гревовите на другата! Потоа кај својот Господар ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа што го работевте. Навистина, Тој знае што се крие во срцата
٨.Кога човекот неволја ќе го снајде, на Господарот свој Му се моли, Нему Му се обраќа, а потоа, откако Аллах милоста Своја ќе му ја дарува, го заборава Тој на Кого Му се молел, и други Нему за еднакви му припишува, за од патот Негов да застранува. Кажи: „Уживај одредено време во неверството свое, ќе бидеш, сигурно, жител на Огнот!“
٢٣.Аллах го објавува најубавиот говор, Книга слична по смисла, чиишто поуки се повторуваат. Од неа ги поминуваат морници тие што се плашат од Господарот свој, а потоа, кога ќе се спомне Аллаховото име, кожите нивни и срцата нивни им се смируваат. Тоа е Аллаховото Упатство со кое Тој упатува кого сака; а тој кого Аллах на погрешен пат ќе го насочи, за него нема упатувач
٣٨.Ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, сигурно ќе речат: „Аллах!“ а ти кажи: „Мислите ли вие дека тие кои ги молите, покрај Аллах, би можеле да ја отстранат штетата, ако Аллах сака да ми ја стори, или дека би можеле да ја задржат милоста Негова, ако Тој сака да ми ја подари?“ Кажи: „Мене ми е доволен Аллах, на Него се потпираат тие што бараат потпирач.“
٧١.Тие што не веруваа во групи во џехеннем ќе бидат натерани, и кога до него ќе дојдат, портите негови ќе се отворат и чуварите негови ќе ги запрашаат: „Зарем не ви дојдоа вашите Пратеници, кои ајетите од Господарот ваш ви ги кажуваа ивеопоменуваа дека овој свој Ден ќего доживеете?“ – „Да, дојдоа“ – ќе речат тие – „но се покажаа вистинити зборовите за казната на неверниците.“