٤.Тие се чудат што еден од нив им дошол за да ги предупредува, и неверниците велат: „Тој е маѓепсник, лажливец
٦.И угледните меѓу нив тргнаа: „Одете и истрајте со божествата свои! Навистина, тоа е нешто што се сака
٨.зошто меѓу нас токму нему да му биде пратена Опомената?!“ Но, тие во Опомената Моја се сомневаат затоа што казната Моја не ја искусиле
١٠.Зарем тие имаат власт над небесата и над Земјата и над тоа што е меѓу нив? – тогаш, нека се искачат со скали по патеките небесни
١٢.И уште пред нив ги сметаа за лажни своите Пратеници - народот на Нух, и Ад, и фараонот, сопственикот на градбите огромни
١٧.Ти стрпи се за тоа што го говорат и сети се на робот Наш Давуд, цврстиот во верата, кој секогаш на Аллах Му се обраќаше
١٨.Ние планините ги потчинивме заедно со него да Го слават и да Го величаат Аллах пред Сонцето да зајде и откако ќе изгрее
٢٠.И го зацврстивме царството негово и му дадовме веровесништво и мудрост исправно да суди и да расудува
٢٢.кога кај Давуд упаднаа, па тој од нив се исплаши. „Не плаши се“ – рекоа – „ние сме двајца парничари, еден кон друг згрешивме, па според правдата пресуди ни; не биди пристрасен, и на Вистинскиот пат упати нè
٢٣.Овој мој пријател има деведесет и девет овци, а јас само една, и тој ми рече: ,Дај ми ја мене!‘ – и во препирката ме победи.“
٢٤.„Навистина ти сторил неправда! – рече Давуд – „со тоа што барал овцата твоја да ја додаде на овците свои; многумина ортаци си прават неправда едни на други, а единствено тие што веруваат и што прават добри дела не го прават тоа, и таквите се малку“. И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја
٢٦.О, Давуде, Ние за намесник на Земјата те поставивме, затоа суди им на луѓето праведно и не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката
٢٧.Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив залудно; така мислат неверниците, па тешко на неверниците кога ќе бидат во Огнот
٢٨.Зарем со тие што веруваат и што прават добро ќе постапиме исто како и со тие што прават неред на Земјата, или, зарем со тие што се чуваат од гревовите ќе постапиме исто како и со грешниците
٢٩.Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука
٣١.Кога една вечер пред него беа изведени брзи коњи кои на три нозе стоеја, а со четвртата едвај земјата ја допираа
٣٢.тој рече: „Наместо да мислам на Господарот свој, јас покажувам љубов кон богатството!“ – и тие му се изгубија од видот
٣٤.Ние Сулејман во искушение го доведовме и неговото болно тело на престолот го задржавме, но потоа оздраве
٣٥.„Господару мој“ – рече –„прости ми и подари ми власт каква никој, освен мене, нема да има! Ти Си навистина Тој што богато дарува!“
٣٦.И Ние му ги потчинивме: ветрот – кој според заповедта негова благо дуваше таму каде што тој сакаше
٤١.И сети се на робот Наш Ејјуб кога на Господарот свој Му залипа: „Шејтанот ме допре со несреќи и со страдање!“
٤٣.и Ние од милоста Наша семејство му даривме и уште толку покрај нив, да биде поука за тие што имаат ум
٤٤.„И земи со раката своја сноп и со него удри, само заклетвата не ја прекршувај!“ Ние знаевме дека тој е издржлив; прекрасен роб беше тој и многу се каеше
٥٩.„Оваа толпа заедно со вас, стискајќи се, во џехеннемот ќе влезе!“ – „Да не им биде пространо! Тие навистина ќе горат во Огнот!“
٦٠.„Вам да не ви биде пространо!“ – ќе речат тие – „вие ова ни го подготвивте, а грозно ли е ова живеалиште!“
٧٢.па кога совршен облик ќе му дадам и кога живот во него ќе вдахнам од Својот дух, вие на сеџда паднете му!“
٧٥.„О, Иблис!“ – рече Тој – „Што те наведе да не му направиш сеџда на оној кого Јас со Своите две раце214 го создадов? Се вообрази или мислиш дека си возвишен?“
٨٦.Кажи: „Јас не барам од вас за ова (Куранот) никаква награда и јас не се преправам, го пренесувам само тоа што ми се наредува