٨.Ние сторивме да бидат како тие на чиишто вратови ставивме синџири сè до подбрадокот – па тие се со глави поткренати
٩.и како тие пред кои и зад кои преграда им ставивме и на очите преграда им ставивме – па тие не гледаат
١١.Твојата опомена ќе му користи само на тој што го следи Куранот и што се плаши од Семилосниот, иако не Го гледа; него израдувај го со прошка и со благородна награда
١٢.Ние, навистина, ќе ги оживееме мртвите и Ние го запишавме тоа што го сторија и делата кои зад себе ги оставија;207 Ние сето тоа во јасната Книга го набројавме
١٤.кога Ние им пративме двајца, но тие не им поверуваа, и ги засиливме со трет, па рекоа: „Ние сме ви пратени вам!“
١٥.„Вие сте луѓе како и ние.“ – одговорија тие – „Семилосниот не објави ништо, вие зборувате невистина!“
١٨.Тие рекоа: „Ние насетуваме дека ни носите несреќа; аконе престанете, ќе ве каменуваме и сигурно ќе ве стигне болно страдање од нас.“
١٩.„Причината за вашата несреќа е со вас!“ – рекоа тие. „Зарем затоа што сте предупредени? Та вие сте народ кој секоја граница на злото ја преминува.“
٢٣.Зошто да прифтам други богови покрај Него? Ако Семилосниот сака да ме снајде некое зло, нивното посредување нема да ми биде од никаква корист и тие нема да можат да ме спасат
٢٨.И против народот негов, по него, Ние не испративме војска од небото, ниту некогаш сме го сториле тоа
٣٥.за тие да ги јадат плодовите нивни и од тоа што рацете нивни ќе го обработат, па зошто не сакаат да бидат благодарни
٣٦.Нека е Славен и Возвишен Тој што во сè создава пар: во тоа што никнува од земјата, во нив самите, и во тоа што тие не го знаат
٣٩.И на Месечината ѝ одредивме положби, и таа секогаш повторно се враќа како стар свиткан палмин прат
٤٠.Ниту Сонцето може Месечината да ја стигне, ниту ноќта денот да го престигне, сите тие во вселената пловат
٤٥.А кога ќе им се каже: „Плашете се од тоа што се случило пред вас и од тоа што ве чека за да бидете помилувани...“
٤٧.А кога ќе им се каже: „Давајте од тоа што Аллах ви го дава.“ - тогаш неверниците им говорат на верниците: „Зарем да го храниме тој што Аллах, да сакаше, можеше да го нахрани? Вие навистина сте во вистинска заблуда!“
٥٢.зборувајќи: „Тешко нам! Кој од нашите гробови нè оживеа?“ – „Ете, се остварува ветувањето на Семилосниот, Пратениците вистината ја зборуваа!“
٦٥.Денес устите ќе им ги запечатиме, нивните раце ќе Ни говорат, а нозете нивни, за тоа што го правеле, ќе сведочат
٦٧.А да сакавме, можевме наместото каде што згрешија да ги претвориме во нешто, па не би можеле никаде да отидат ниту да се вратат
٦٨.На тој кому долг живот ќе му дадеме, Ние изгледот на полошо му го менуваме. Зарем тие не разбираат
٧١.Како тие не гледаат дека Ние сами, од тоа што рацете Наши го направиле, за нив добитокот го создаваме за тие со него како сопственици да располагаат
٧٦.И нека не те растажуваат зборовите нивни; Ние, навистина, го знаеме и тоа што го кријат и тоа што го покажуваат
٧٨.и Нам Ни наведува пример, а заборава како е создаден, и вели: „Кој ќе ги оживее коските кога прав ќе се сторат?“
٨١.Зарем Тој што ги создаде небесата и Земјата не е способен да создаде на нив слични? Да, способен е, Тој создава сè и Тој е Сезнајниот