علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, Кој мелеците со по две, три и четири крила ги прави пратеници; Тој на тоа што го создава му додава што сака, Тој, навистина, може сè
٨.Зарем можеш да му помогнеш на тој на кого неговите лоши дела му се прикажани како убави, а и тој ги смета за убави? Аллах навистина остава во заблуда кого сака, а на Вистинскиот пат упатува кого сака, па немој да се уништуваш со тага за нив; Аллах, навистина, добро знае сè што прават тие
١٢.Ни двете мориња не се еднакви: едното е слатко и пријатно – водата лесно му се пие, а другото е солено и горчливо; вие и од двете јадете свежо месо и вадите накит со кој се украсувате; и ти ги гледаш бродовите како по него водата ја сечат за да стекнете од изобилството Негово, и за да бидете благодарни
١٣.Тој ја воведуваноќтаводен игововедуваденот воноќ, Тој ги потчини Сонцето и Месечината, секој се движи до рокот одреден; ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш, царството е Негово! А тие кои, покрај Него, ги обожувате не поседуваат ништо, ни колку тенката обвивка на урмината семка
١٨.И ниту еден грешник гревовите од другиот нема да ги носи; ако претоварениот со гревови повика да му се понесат, никој нема да му ги понесе, па ни роднината. А ти ќе ги опоменеш само тие кои од Господарот свој се плашат, иако никој не ги гледа, и кои извршуваат намаз – тој што ќе се исчисти, се исчистил за свое добро – а кај Аллах сè се враќа
٣٢.Ние ќе сториме Книгата после да ја наследат тие Наши робови кои Ние ќе ги избереме; ќе има и од тие кои кон себе насилство ќе си сторат, ќе има и од умeрените, и ќе има и такви кои, со Аллахова војла, со своите добри дела другите ќе ги надминат – за тоа голема награда ќе добијат
٣٧.тие во него ќе врескаат: „Господару наш, избави нè, ќе правиме добри дела, поинакви од тие што ги правевме.“ „А зарем не ве оставивме да живеете доволно долго за тој што требало да размисли да има време да размисли, а ви дојде и тој што опоменува? Затоа искусете го страдањето, на насилниците им нема помош!“
٤٠.Кажи: „Кажете ми вие мене кој дел од Земјата го создале божествата ваши кои, наместо Аллах, ги молите, и кажете ми дали тие имаат некаков удел во создавањето на небесата, или Ние им дадовме Книга на многубошците, па имаат во неа доказ за тоа!? Ниту едно од тие, туку насилниците едни со други се залажуваат
٤٣.возгордевајќи се на Земјата и правејќи зли интриги – а интригите ќе ги погодат токму тие коишто со нив се служат. Зарем тие може да очекуваат нешто друго од тоа што ги снајде народите древни? Во Аллаховите закони ти никогаш нема да најдеш промени, во Аллаховите закони ти нема да најдеш отстапувања