علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Чие е сето тоа на небесата и сето тоа на Земјата! Благодарноста Му припаѓа и на оној свет! Тој е Мудар и Сезнаен
٣.А неверниците велат: „Часот на оживувањето нема да ни дојде!“ Кажи: „Ќе дојде, секолнам во Господарот мој, Кој го знае итоаштое скриено, сигурно ќе ви дојде.“ – Нему не може ништо, ниту колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата да Му избега, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа што не е во јасната Книга
١٢.А на Сулејман – ветрот (му го потчинивме), наутро преминуваше растојание од еден месец и навечер растојание од еден месец; и сторивме од изворите растопен бакар да му тече и џинните, по волја на Неговиот Господар, пред него да работат; а кога некој од нив би откажал послушност на наредба Наша, ќе сторевме огнено страдање да почувствува
٣١.А тие што не веруваат велат: „Ние нема да веруваме во овој Куран ниту во Книгите пред него!“ А кога само би видел кога силниците пред Господарот свој ќе бидат задржани и кога ќе почнат меѓусебно да разговараат: „Да не бевте вие, ние сигурно ќе бевме верници.“ – ќе им речат тие што беа угнетени на тие што беа вообразени
٣٣.„Не беше така,“ – ќе им одговорат угнетуваните на вообразените – „туку дење и ноќе интриги подготвувавте кога од нас баравте да не веруваме во Аллах и други за еднакви да Му сметаме.“ И сите ќе ја прикријат тагата кога ќе ја видат казната, а Ние на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме; зарем ќе бидат казнети поинаку освен според тоа што го правеа
٤٣.Кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, тие велат: „Овој човек само сака да ве одврати од тоа што вашите предци го обожуваа“, и говорат: „Ова не е ништо друго, туку измислена лага!“ А тие што не веруваат кога им доаѓа Вистината зборуваат: „Ова не е ништо друго туку јасна магија!“