علماي مقدونيه · македонски јазик

١.О, Веровеснику, плаши се од Аллах, а на неверниците и лицемерите немој да им бидеш послушен – Аллах, навистина, сè знае и Мудар е
٤.Аллах на ниту еден човек две срца во градите негови не му дал, а ниту жените ваши, од кои со зихар197 се разведувате, ваши мајки не ги направил, ниту посиноците ваши синови ваши ги направил. Тоа се само зборови ваши, од устите ваши, а Аллах вистината ја зборува и на Вистинскиот пат изведува
٥.Викајте ги (посиноците) по (имињата на) татковците нивни, тоа кај Аллах епоисправно! Ааконе ги знаете имињата нататковците нивни, па, тие се ваши браќа по вера и тие се ваши штитеници. Не е грев ако при тоа ненамерно згрешите, грев е ако тоа намерно го одлучат вашите срца; а Аллах простува и Милостив е
٦.Веровесникот им е побитен на верниците отколку тие сами на себеси, а жените негови им се како мајки нивни198. А роднините, според Аллаховата Книга, се поважни едни на други од останатите верници и мухаџири, а на пријателите свои можете добрина да им направите. Тоа во Книгата е запишано
١٩.А кога завладеа страв, ги гледаш како гледаат во тебе вртејќи ги очите како пред смрт онесвестени. Штом стравот ќе мине, тие ве пцујат со своите остри јазици, скржави да сторат било какво добро. Тие не веруваат, и затоа Аллах делата нивни ќе ги поништи; а тоа на Аллах Му е лесно
٣٣.Во куќите свои престојувајте и убавината своја, како во дамнешното паганско време, не покажувајте ја, и намазот извршувајте го и зекат давајте, и слушајте Го Аллах и Пратеникот Негов! Аллах сака од вас, о, семејство на Пратеникот, гревовите да ги отстрани, и потполно да ве исчисти
٣٥.За муслиманите и муслиманките, и за верниците и за верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често Го спомнуваат Аллах и за жените кои често Го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви
٣٧.А кога ти му рече на тој кому Аллах добро му направи, кого ти го почести и му беше благодарен: „Задржи ја жената своја и плаши се од Аллах!“ – во себе го криеше тоа што Аллах ќе го обелодени и од луѓето се плашеше, а поважно е од Аллах да се плашиш. И бидејќи Зејд со неа заврши и од неа се разведе, Ние за тебе ја омаживме за верниците веќе да не се притеснуваат да се женат со жените на посиноците свои кога тие од нив ќе се разведат – како Аллах ќе одреди така треба да биде
٥٠.О, Веровеснику, Ние ти дозволивме да ти бидат жени тие на кои си им ги дал нивните венчални дарови, и тие што се во твоја сопственост кои Аллах ти ги даде од пленот, и ќерките на чичковците твои, и ќерките на твоите тетки по татко, и ќерките на вујковците твои, и ќерките на твоите тетки по мајка кои со тебе се иселија, и верничката која себеси се подари на Веровесникот, ако Веровесникот сака со неа да се ожени, и само на тебе, а не на останатите верници. Ние знаеме што сме им пропишале на верниците кога е збор за жените нивни и за тие што се во нивна сопственост, а и за да не ти биде тешко. А Аллах простува и Милостив е
٥١.Можеш да ги занемариш тие меѓу нив коишто сакаш и можеш да ја повикаш за себе таа што ја сакаш, а можеш да ја побараш и таа која си ја оддалечил, ниедно од тоа не е грев за тебе. Така најлесно радосни ќе бидат инема да жалат итака сосетотоашто ти им го даваш задоволни ќе бидат, а Аллах знае што има во срцата ваши; Аллах знае сè и благ е
٥٣.О, верници, не влегувајте во собите на Веровесникот, освен ако ви се допушти поради храна, но не да чекате додека да се зготви, туку кога ќе бидете повикани, тогаш влезете, и откако ќе јадете, разидете се не впуштајќи севоразговор едни со други. Тоа му смета на Веровесникот, а тој се срами тоа да ви го каже, а Аллах не се срами од вистината. А ако барате нешто од нив, барајте го тоа од нив од зад перде. Тоа е почисто и за вашите и за нивните срца. Вам не ви е дозволено да го вознемирувате Аллаховиот Пратеник, ниту со жените негови по неговата смрт, некогаш, да се ожените. Тоа, навистина, кај Аллах би бил голем грев
٥٥.Ним не им е грев да бидат откриени пред татковците свои, и пред синовите свои, и пред браќата свои, и пред синовите на браќата свои, и синовите на сестрите свои, и пред жените вернички, и пред тие што се во нивна сопственост. И плашете се од Аллах, бидејќи на Аллах, навистина, не Му е скриено ништо