علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Та-син-мим
١٥.И тој влезе во градот, незабележан од жителите негови, и во нив сретна двајца луѓе кои се тепаат, едниот му припаѓаше на неговиот, а другиот на непријателскиот народ, па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ, и Муса го удри со рака и го усмрти. „Ова е шејтанова работа!“ - извика. „Тој е навистина отворен непријател кој доведува во заблуда!“
٢٣.А кога стигна до водата медјенска, околу неа затекна многу луѓе како го напојуваат добитокот, а малку подалеку од нив, здогледа две жени кои (добитокот) го одбиваа од водата. „Што правите?“ - запраша тој. „Ние не напојуваме сè додека овчарите не заминат!“ - одговорија тие - „а таткото ни е многу стар.“
٧٨.„Ова што го имам дадено ми е само врз основа на тоа што Аллах знае дека јас сум достоен за тоа, така јас мислам.“ - говореше тој. А зарем не знаеше дека Аллах пред него уништи некои народи кои беа посилни од него и кои насобраа повеќе, а злосторниците за своите гревови нема ни да бидат испрашувани
٨٢.А тие што претходно посакуваа да се на негово место, почнаа да говорат: „Зарем не гледате дека Аллах му дава во изобилство на тој од робовите Свои на кого Тој сака, а и дека ускратува! Да не ни ја укажеше Аллах Својата милост и нас в земја ќе нè втераше. Зарем не гледате дека неверниците никогаш нема да успеат?!“