١.Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите
٢.Тој на Кого Му припаѓа власта на небесата и на Земјата, Кој нема дете, Кој во власта нема здруженик и Кој создаде сè и како што треба го уреди
٣.А тие покрај Него зеле божества кои ништо не создаваат, кои и самите се создадени, кои не се во состојба од себе некаква штета да отстранат ниту некаква корист да сторат, и кои немаат моќ живот да одземат, живот да дадат и да оживеат
٤.Тие што не веруваат, велат: „Ова не е ништо друго, туку голема лага која тој ја измислува, а во тоа и други луѓе му помагаат.“ – и прават неправда и клевета
٥.и велат: „Тоа се измислици на древните народи, кои тој ги препишал, па му се читаат наутро и навечер
٦.Кажи: „Го објавува Тој на Кого Му се познати тајните на небесата и на Земјата; Тој многу простува и Милостив е.“
٧.И тие велат: „Што му е на овој Пратеник, тој храна јаде и по чаршиите оди; зошто не му е испратен мелек заедно со него да биде опоменувач
٨.или да му се спушти некакво богатство или да има градина од која би се хранел?“ И насилниците уште велат: „Вие следите маѓепсан човек!“
١٠.Благословен е Тој што, ако сака, може да ти даде подобро од тоа: градини низ кои реки течат и дворци
١١.Тие, дури, и Часот на оживување го негираат, а Ние за тие кои Часот на оживување го негираат, разгорен Оган подготвивме
١٥.Кажи: „Дали е подобро тоа или вечниот џеннет, кој им е ветен на тие што од Аллах ќе се плашат. Тој награда и живеалиште ќе им биде
١٦.Во него сè што ќе посакаат ќе имаат вечно; тоа е ветување на Господарот твој – тие ќе имаат право да го бараат тоа од Него.“
١٧.Ана Денот кога Тој ќе ги собере, аи тие коипокрај Аллах ги обожувале, па ќе ги запраша: „Дали вие овие Мои робови во заблуда ги заведовте, или тие самите од Вистинскиот пат заталкаа?“
١٨.тие ќе речат: „Возвишен нека си Ти, незамисливо е дека ние покрај Тебе некакви заштитници сме зеле, туку, Ти на овие и на нивните предци си им дал да уживаат, па заборавиле да се сеќаваат на Тебе; тие пропаста ја заслужиле!“
١٩.Тие ќе го негираат тоа што вие го велите, а вие нема да бидете во можност мачењето да го отстраните, ниту помош да најдете. А на тој од вас што сторил насилство, ќе му дадеме големо страдање да искуси
٢٠.Ние пред тебе не сме испратиле ниту еден Пратеник кој не јадел и кој по чаршиите не одел. Ние правиме едни со други во искушение да се доведувате, па да видиме дали ќе бидете трпеливи! А Господарот твој гледа сè
٢١.И тие што не се надеваат на средба со Нас, велат: „Зошто не ни се испратат мелеци или зошто Господарот свој не Го гледаме?“ Тие се навистина во душите свои горделиви, а во неправдата сите граници ги преминаа
٢٢.Тој Ден кога ќе ги здогледаат мелеците, тогаш нема да има радост за злосторниците. И мелеците ќе говорат: „Вам ви е целосно забранет џеннетот.“
٢٥.А на Денот кога небото ќе се расцепи и од него облак ќе се појави и кога мелеците сигурно ќе се спуштат
٢٧.На Денот кога насилникот прстите свои ќе ги гризе, говорејќи: „Камо среќа со Пратеникот на Вистинскиот пат да се придржував
٢٩.Тој од Опомената меодврати, откако ми беше прикажан!“ – ашејтанот секогаш човекот го остава на цедило
٣١.Ние исто така дадовме злосторниците да му бидат непријатели на секој веровесник. А тебе Господарот твој ти е доволен како упатувач и помагач
٣٢.Тие што не веруваат, велат: „Зошто Куранот не му е објавен целиот одеднаш?“ А така се објавува за со него срцето твое да го зацврстиме, и Ние го објавуваме постепено
٣٤.Тие што ќе бидат влечени на своите лица во џехеннемот, ќе бидат во најлоша положба и најдалеку ќе заталкаат
٣٦.и рековме: „Отидете вие двајца кај народот кој доказите Наши ги негира.“ – и потоа тој народ потполно го уништивме
٣٧.А и Нуховиот народ, кога Пратениците за лага ги обвинуваа, го потопивме и на луѓето како поучен пример го направивме, а на насилниците страдање болно им подготвивме
٤٠.А тие поминуваат низ градот на кој се срушил кобен дожд – зарем не го гледаат?! – но сепак не го очекуваат проживувањето
٤٢.За малку од божествата наши да нè одврати, но ние верни им останавме.“ А кога ќе доживеат страдање, ќе дознаат кој далеку од Вистинскиот пат заталкал
٤٤.Мислиш ли дека повеќето од нив сакаат да слушнат или дека настојуваат да сфатат? Тие се како добиток, дури и подалеку од Вистинскиот пат заталкале
٤٥.Зарем не гледаш како Господарот твој сенката ја издолжува – а да сака, ќе ја стави да мирува. А потоа направивме Сонцето да ја води
٤٨.И Тој ги испраќа ветровите како радосна вест, како претходници на Милоста Своја; и Ние од небото чиста вода спуштаме
٤٩.за со неа веќе мртвиот предел да го оживееме и мноштвото добиток и мноштвото луѓе, кои ги создадовме, да ги напоиме
٥٠.А дождот Ние го расподелуваме меѓу нив за да размислат, а повеќето луѓе одбиваат сè освен неверувањето и неблагодарноста
٥٣.Тој две мориња едно покрај друго остави: едното питко и слатко, другото солено и горко, а меѓу нив преграда и невидлива брана постави
٥٤.Тој од водата ги создава луѓето и прави да се роднини по крв и по сватовштина. Господарот твој е моќен за сè
٥٥.Наместо Аллах, тие ги обожуваат тие што не се во состојба никаква корист да остварат ниту од нив некаква штета да отстранат. Неверникот е шејтанов помагач против Неговиот Господар
٥٧.Кажи: „За ова од вас не барам никаква награда, освен, тој што сака, да појде по Патот кој води до неговиот Господар
٥٨.Ти потпри се на Живиот, Кој не може да умре, и величај Го и заблагодарувај Му! А доволно е тоа што гревовите на робовите Свои добро ги знае
٥٩.Тој штозашест временски периоди небесатаи Земјата итоаштоемеѓу нив ги создаде, и тогаш над Аршот се возвиши. Тој е Семилосниот, и за Него прашај го тој што знае
٦٠.А кога ќе им се каже: „Поклонете му се на сеџда на Семилосниот!“ - тие прашуваат: „А кој е Семилосниот? Зарем да се поклонуваме на сеџда само поради тоа што ти ни наредуваш?“ И уште повеќе се отуѓуваат
٦١.Благословен нека е Тој што на небото големи ѕвезди создаде и на него Светилка даде и Месечина осветлена
٦٢.Тој прави ноќта и денот да се менуваат, тоа е поука за тој што сака да размисли или сака да биде благодарен
٦٣.А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат, а кога незналците ќе им се обратат, одговараат: „Мир!“
٦٥.и тие кои велат: „Господару наш, поштеди нè од страдањето во џехеннемот затоа што страдањето во него е навистина неминовна пропаст
٦٨.и тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната
٧٠.освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е
٧٢.и тие кои не присуствуваат при лагата и неделата, и кои додека поминуваат покрај безделништвото, поминуваат достоинствено
٧٤.и тие кои велат: „Господару наш, подари ни во жените наши и во децата наши радост, и направи нè предводници на богобојазните!“
٧٥.Тие, поради тоа што го трпеа, со одаи џеннетски ќе бидат наградени и во нив со поздрав и благослов ќе бидат дочекувани
٧٧.Кажи: „Аллах не би ви подарил внимание да не е вашето обожување. Вие негиравте, и неминовно ве чека страдањето