علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Го објавуваме ова поглавје и неговите прописи ги правиме задолжителни! Во него објавуваме јасни докази за да примите поука
٢١.О, верници, не одете по стапките на шејтанот! Тој што ќе оди по шејтановите стапки, тој него на разврат и на одвратни дела ќе го тера. А да не е Аллаховата добрина и милоста Негова кон вас, ниту еден од вас од гревовите никогаш не би се исчистил; но Аллах го чисти тој кого Тој сака. Аллах слуша сè и знае сè
٢٢.Чесните и богатите што се меѓу вас нека не се заколнуваат дека веќе нема да ги помагаат роднините и сиромашните, и тие што на Аллаховиот пат родниот крај го напуштија; нека преминат преку тоа и нека простуваат! Зарем вам не би ви било мило Аллах да ви прости? А Аллах простува и Милостив е
٣١.А кажи им на верничките нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; и нека не ги покажуваат украсите свои освен тоа што е и онака надворешно, и нека ги спуштат веловите свои на градите свои; нека не им ги покажуваат украсите свои на другите, освен на мажите свои или на татковците свои, или на татковците на мажите свои, или на синовите свои, или на синовите на мажите свои, или на браќата свои, или на синовите на браќата свои, или на синовите на сестрите свои, или на пријателките свои, или на робинките свои, или на мажите кои немаат потреба за жени, или на децата кои сè уште не знаат кои се срамните места на жените; и нека не удираат со нозете свои за да не се чуе звукот на накитот нивен кој го покриваат. И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни
٣٣.Инека севоздржат тие штонемаат можност да сеоженат, додека Аллах од изобилствата Свои не им помогне! А со тие што се сопственост ваша кои сакаат да се откупат, ако се во состојба тоа да го направат, за откупот договорете се. И дајте им нешто од имотот кој Аллах ви го дал. И не ги терајте робинките свои да се занимаваат со блуд – ако тие сакаат да бидат побожни – за да ги стекнете минливите добра на овој свет; а ако некој на тоа ги присили, Аллах, откако биле приморани, ќе им прости и кон нив ќе биде милостив
٣٥.Аллах е светлина на небесата и на Земјата! Примерот за светлината Негова е нишата каде што се наоѓа светилката; светилката е во стакло, а стаклото е како блескава ѕвезда која гори од благословеното маслиново дрво, кое не е ни источно ни западно, чиешто масло скоро и да свети кога огнот дури и не го допира; светлина над светлината! Аллах го води кон светлината Своја оној кого Тој сака. Аллах им дава примери на луѓето, Аллах добро знае сè
٤٣.Зарем не гледаш дека Аллах полека ги движи облаците, а тогаш ги спојува и едни над други ги натрупува, па ти го гледаш дождот како од нив паѓа: Тој од небото, од облаците како планини големи, спушта град, па со него погаѓа кого сака, а поштедува кого сака – блесокот од молњата Негова, скоро да го одзема видот
٥٤.Кажи: „Покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот!“ А ако се свртите, тој е должен да го прави тоа што му се наредува, а вие сте должни тоа што вам ви се наредува, па ако му бидете послушни, ќе бидете на Вистинскиот пат, а Пратеникот само е должен јасно да доставува
٥٥.Аллах ветува дека тие меѓу вас кои ќе веруваат и кои добри дела ќе прават, сигурно за намесници на Земјата ќе ги постави, како што ги поставил за намесници тие пред нив, и дека навистина верата нивна ќе ја зацврсти, таа што Тој им ја сака, и дека сигурно стравот со безбедност ќе им го замени; тие само Мене ќе Ме обожуваат, и нема здруженици да Ми припишуваат. А тие кои и по тоа ќе бидат неблагодарни – тие се вистински грешници
٥٨.О, верници, тие што се ваша сопственост и тие што сè уште не се полнолетни нека побараат дозвола од вас за кај вас да влезат во три случаи: пред сабах намаз (утринската молитва) и кога на пладне ќе ја одложите облеката своја, и по извршувањето на јација намаз (вечерната молитва). Тоа се трите периоди кога не сте облечени, а во другите периоди не ви е грев ниту вам ниту ним, та тие кај вас често влегуваат, а вие едни кај други влегувате. Така Аллах ви ги објаснува прописите! А Аллах знае сè и Мудар е
٦١.Не прави грев слепецот, ниту сакатиот, ниту прави грев болниот, а ниту вие самите, ако јадете во куќите ваши, или во куќите на татковците ваши, или во куќите на мајките ваши или во куќите на браќата ваши, или во куќите на сестрите ваши, или во куќите на чичковците ваши, или во куќите на тетките ваши по татко, или во куќите на вујковците ваши, или во куќите на тетките ваши по мајка, или кај тие чиишто клучеви се кај вас или кај пријателот ваш; не ви е грев да јадете заедно ниту одделно. А кога ќе влегувате во куќите, вие домашните поздравете ги со поздравот од Аллах пропишаниот, благословениот и убавиот. Така Аллах ви ги објаснува прописите, за да се опаметите
٦٢.Вистински верници се само тие кои во Аллах и во Неговиот Пратеник веруваат, а кои, кога се со него на некој важен состанок, од него не се оддалечуваат сè додека од него дозвола не добијат. Тие кои од тебе бараат дозвола, во Аллах иво Пратеникот Негов, навистина, веруваат. И кога тие ќе побараат дозвола од тебе поради некаква работа своја, дозволи му на кого сакаш од нив, и замоли Го Аллах да им прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е
٦٣.Не правете го довикувањето на Пратеникот помеѓу вас како довикувањето кое вие едни со други си го упатувате; Аллах сигурно ги знае тие меѓу вас кои се искрадуваат. Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде