١٤.потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател
١٩.и со негова помош градини од палми и винова лоза за вас подигаме – во нив многу овошја имате, и вие го јадете
٢١.И добитокот ви е поука: Ние ви даваме да пиете од тоа што се наоѓа во утробите нивни, и вие од нив многу користи имате и вие од нив се храните
٢٣.Ние го испративме Нух на народот негов, и тој велеше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите
٢٤.Но главешините на народот негов, кои не веруваа, велеа: „Ова е човек како и вие, само сака да е поугледен од вас. Да сакаше Аллах, мелеци ќе испратеше; вакво нешто не сме чуле од нашите дамнешни предци
٢٧.Па Ние му објавивме: „Брод, пред очите Наши и според објавата Наша, гради, па кога заповедта Наша ќе дојде и водата на површината земјата ќе избие, ти во неа натовари од секој вид по два, мажјак и женка, и семејството свое, но не и тие од нив за кои претходеше Зборот, и не Ми се обраќај за насилниците, бидејќи навистина ќе бидат потопени
٢٨.Па кога ќе се сместиш во бродот, ти и тие што се со тебе, кажи: „Му благодарам на Аллах, Кој нè спаси од народот насилнички!“
٣٢.и еден од нив како Пратеник им го испративме: „Само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите?“
٣٣.Но главешините од народот негов, кои не веруваа, кои негираа дека на оној свет ќе бидат оживеани и на кои им дадовме во животот на овој свет раскошно да живеат, говореа: „Тој е човек како и вие; го јаде тоа што и вие го јадете, и го пие тоа што и вие го пиете
٣٥.Зарем тој вам да ви ветува, дека откако ќе умрете и земја и коски ќе станете, навистина оживеани ќе бидете
٤١.и заслужено ќе ги погодеше страшен глас, и Ние ќе ги направевме како што е речниот нанос, па далеку нека е народот насилнички
٤٤.и Пратеници, едни по други праќавме. Кога и да им дојдеше Пратеникот на некој народ, за лага го обвинуваа, и Ние поради тоа едни со други ги сменувавме, и само во приказните за нив споменот го сочувавме, далеку нека се луѓето што не веруваа
٤٧.„Зарем да им поверуваме на двајцата кои се исти како и ние, а луѓето нивни се робови наши?“ – говореа
٥٠.И синот Мерјемин и мајката негова доказ (за луѓето) ги сторивме. Ние нив на една височинка со проточна вода ги сместивме
٥١.О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите
٥٣.А тие по прашањата од верата своја се разделија на групи, секоја група радосна со тоа што го исповеда
٦٠.и тие кои даваат од тоа што им се дава, а срцата им се полни од страв затоа што ќе Му се вратат на својот Господар
٦٢.Ние никого не оптоваруваме преку неговите можности; кај Нас е Книгата која вистината ја говори, и на никого неправда нема да му се стори
٦٨.Зошто тие не размислат за Куранот? Зарем им доаѓа нешто што не им доаѓало на нивните древни предци
٧٠.Или велат: „Лудилото е при него!“ Меѓутоа, тој Вистината им ја донесува, но повеќето од нив Вистината ја презираат
٧١.Да се води Аллах според нивните страсти, сигурно ќе го снемаше поредокот на небесата и на Земјата и во тоа што е на нив; Ние им го дадовме Куранот, славата нивна, но тие за славата нивна не внимаваат
٧٥.И кога би им се смилувале и од неволјата би ги ослободиле, повторно во заблудата своја тие подеднакво би талкале
٧٧.дури кога портите на тешкото страдање ќе ги отвориме, тие надежта ќе ја изгубат и во очај ќе паднат
٨٢.Велеа: „Зарем кога ќе испоумираме и кога прав и коски ќе станеме, зарем навистина оживеани ќе бидеме
٨٨.Запрашај: „Во чија рака е власта над сè, а Тој зема во заштита, и од кого никој не може да биде заштитен, знаете ли
٩١.Аллах не си зел Себеси син, и со Него нема друг бог! Инаку, секој бог, со тоа што го создал ќе правел што сака, и еден со друг ќе се победувале. – Возвишен нека е Аллах Кој е далеку од тоа што тие го изнесуваат
١٠٠.да направам некакво добро во тоа што го оставив!“ – Никогаш! Тоа се зборови кои тој залудно ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани
١٠١.Па кога во Рогот ќе се дувне, тогаш роднински врски меѓу нив нема да има и меѓусебно нема ништо да се прашаат
١٠٣.а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во џехеннемот вечно ќе престојуваат
١٠٩.Кога некои робови Мои велеа: „Господару мој, ние веруваме, затоа прости ни и смилувај ни се, бидејќи Ти си Најмилостивиот!“
١١٦.И нека е Возвишен Аллах, Вистинскиот Владетел, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен
١١٧.А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат