علماي مقدونيه · македонски јазик

١.О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот на светот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување
٥.О, луѓе! Ако се сомневате во проживувањето – па Ние ве создаваме од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка крв,183 потоа од парче месо, обликувано и необликувано, за да ви објасниме! А во матките задржуваме што сакаме, до рокот одреден, потоа правиме како доенчиња да се раѓате и потоа до потполна развиеност да израснете; едни од вас умираат, а други длабока старост доживуваат, за, откако знаел, да не знае ништо.184 И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија
١٨.Зарем не гледаш дека на Аллах на сеџда Му се поклонуваат и тие на небесата и тие на Земјата, а и Сонцето, и Месечината, и ѕвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе, а многумина и казната ја заслужуваат. А кого Аллах ќе го понижи, никој не може почитуван да го направи; Аллах тоа што сака го прави
٣٦.А камилите ви ги направивме едни од Аллаховите обреди нааџилакот и вие од нив имате добро, затоа спомнувајте го Аллаховото име кога ќе бидат подготвени за колење, стоејќи со една врзана нога, а кога ќе паднат на земјата, јадете ги, а нахранете го и тој што не проси, а и тој што проси. Така ви ги потчинивме, за да бидете благодарни
٤٠.На тие кои ни криви ни должни од домовите свои се протерани, само затоа што говореа: „Наш Господар е Аллах!“ А да не сузбие Аллах некои луѓесо други, дотемел би биле изрушени манастирите, црквите, синагогите, а и џамиите, во кои многу се спомнува Аллаховото име. А Аллах сигурно ќе ги помогне тие кои Него Го помагаат – та Аллах е навистина Моќен и Силен
٧٢.А кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, ти забележуваш големо негодување на лицата на тие што не веруваат, кои за малку да не ги нападнат тие кои Нашите зборови им ги кажуваат. Кажи: „Сакате да ви кажам што ќе ви биде поомразено од тоа? – Огнот кој Аллах на неверниците им го ветиле, а тоа грозно живеалиште ќе биде.“
٧٨.И борете се, поради Аллах, така како што треба да се борите! Тој вас ве избра и во верата ништо тешко не ви пропиша, во верата на вашиот предок Ибрахим. Аллах одамна муслимани ве нарекол, и во овој Куран, за Пратеникот да биде сведок против вас, и за вие да бидете сведоци против останатите луѓе. Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па прекрасен ли Господар и прекрасен ли Помагач