١٠.кога го здогледа огнот, па на семејството свое му рече: „Вие останете тука, јас видов оган, можеби некаков пламен ќе ви донесам или покрај огнот ќе пронајдам некого што патот ќе ми го покаже?“
١٢.Навистина, Јас Сум твојот Господар! Затоа, соблечи ги обувките свои, ти си во благословената долина Тува
١٤.Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го
١٥.Часот на оживување сигурно ќе дојде, го кријам од секого, кога секој човек според својот труд ќе биде награден или казнет
١٦.И поради тоа нека не те одвраќа од верувањето во него тој што не верува во него и кој ја следи својата страст, па да бидеш изгубен
١٨.„Ова е мојот стап,“ - одговори тој - „на кој се потпирам и со кој на овците свои лисја им симнувам, а ми служи и за други потреби.“
٢٢.„И вовлечи ја раката под пазувите свои, раката ќе ти се појави бела, но не болна; и ете, друг доказ
٣٩.„Стави го во сандак и пушти го в река, реката на брегот ќе го исфрли, па и Мојот и неговиот непријател ќе го прифати.“ И врз тебе ја разлеав љубовта Моја и да растеш под окото Мое
٤٠.Кога сестра ти отиде и рече: „Сакате ли јас да ви ја покажам таа што за него ќесе грижи?“ Ние намајка ти те вративме за да серадуваиповеќе да не тагува. А ти уби еден човек, па Ние од грижата те ослободивме и со разни неволји те искушавме, па те спасивме. И ти со години остана меѓу жителите на Медјен, потоа, о, Муса, во одредено време дојде
٤٥.„Господару наш,“ - рекоа тие - „се плашиме да не нè стави веднаш на маки или секоја мерка на злото да не ја премине.“
٤٧.Одете кај него и кажете: „Ние сме Пратеници од Господарот твој, пушти ги синовите Израилови да одат со нас и немој да ги мачиш! Ти донесовме доказ од Господарот твој, нека живее во мир тој што Вистинскиот пат го следи
٤٨.Нам ни се објавува дека казната сигурно ќе го стигне оној којшто нема да поверува и главата ќе ја сврти.“
٥٢.„Знаењето за нив е кај Господарот мој, во Книгата!“ - рече Муса. „На Господарот мој ништо не Му е скриено и Тој не заборава.“
٥٣.Тој што за вас Земјата постела ја направи и низ неа патишта направи, и Тој од небото спушта дожд, па Ние даваме со нејзина помош во парови да никнуваат разновидни растенија
٥٧.„Зарем дојде сопомошна својата магија одземјата наша да нè изнесеш, о, Муса?“ - запраша (фараонот)
٥٨.„И ние тебе магија слична на оваа, навистина, ќе ти подготвиме! Закажи ни средба до која и ние и ти ќе се придржуваме, така како што ни одговара и нам и тебе!“
٥٩.„Средбата нека биде на денот на вашиот празник,“ - рече Муса - „и народот од изутрина нека се собере.“
٦١.„Тешко вам!“ - рече Муса. „Не изнесувајте лаги за Аллах, па Тој со казната да ве уништи, а сигурно нема да успее тој што изнесува лаги.“
٦٣.„Овие двајца се маѓепсници!“ - им рекоа едните на другите. „Сакаат со магиите свои од земјата ваша да ве изведат и да ја уништат вашата преубава вера
٦٤.затоа лукавството свое паметно подгответе го, а потоа застанете во ред. Кој ќе победи денес, сигурно ќе го постигне тоа што го сака.“
٦٦.„Фрлете вие!“ - рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради магијата нивна, се движат
٦٩.Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само магија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди“
٧٠.И маѓепсниците се поклонија со лицата до земја, велејќи: „Ние веруваме во Господарот на Харун и на Муса!“
٧١.„Вие му поверувавте,“ - викна фараонот - „пред јас да ви допуштам! Тој е вашиот учител, тој ве научи на магија и јас сигурно ќе ви ги исечам вкрстено рацетеваши инозетеваши, ипостеблатанапалмите ќе ве распнам, и сигурно ќе знаете кој е пострашен и поистраен во мачењето од нас.“
٧٢.„Ние нема да те ставиме тебе над јасните докази кои ни дојдоа и над Тој што нè создаде,“ - одговорија тие - „па прави што сакаш, тоа можеш да го правиш само во животот на овој свет
٧٣.Ние веруваме во нашиот Господар за гревовите наши да ни ги прости и магиите на коишто ти нè принуди. А Аллах е подобар и трајно наградува!“
٧٤.Тој што пред Господарот свој како злосторник ќе дојде, го чека џехеннем; во него нема ни да умре ни да живее
٧٦.еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив тие вечно ќе останат, и тоа ќе биде награда за тие што од гревовите ќе се исчистат
٧٧.И Ние му објавивме на Муса: „Изведи ги ноќе робовите Мои и со нив по сувиот пат низ морето пројде, не стравувајќи дека тоа ќе те стигне и не плашејќи се дека ќе се удавиш
٨٠.О, синови Израилови, Ние од непријателот ваш ве спасивме, и вам од десната страна на Тур место за средба ви одредивме и мана и потполошки ви праќавме
٨١.Јадете ги вкусните јадења со кои ве снабдивме и немојте со тоа да се возгордејувате за да не ве снајде гневот Мој; а кого ќе го снајде гневот Мој – настрадал
٨٢.Јас сигурно ќе му простам на тој што ќе се покае и ќе поверува, и добри дела ќе прави, и кој потоа на Вистинскиот пат ќе истрае
٨٥.„Ние народот твој, по твоето заминување, воискушение гоставивме,“ - рече Тој - „и нив ги заведе Самирија.“
٨٦.И Муса му се врати на народот свој, гневен и тажен. „О, народе мој,“ - рече- „зарем Господарот ваш не даде убаво ветување? Зарем времето ви се одолжи или сакате да ве стигне гневот на Господарот ваш, па затоа не се држевте до ветувањето кое ми го дадовте?!“
٨٧.„Ние не го прекршивме своеволно ветувањето кое го дадовме.“ - одговорија. „Бевме натоварени со тешкотии, со народниот накит, па тоа го испофрлавме.“ А истото тоа го направи и Самирија
٨٨.па излеа теле кое даваше глас како да мука, и потоа тие рекоа: „Ова е вашиот бог и Мусаовиот бог, кого тој (Муса) го заборави.“
٨٩.Зарем тие не видоа дека тоа ни со зборови не им одговара, и дека од нив не може никаква неволја да оттргне ниту може каква било корист да им придобие
٩٠.А ним Харун уште претходно им зборуваше: „О, народе мој, вие со него сте само на искушение ставени. Ваш Господар е Семилосниот, затоа следете ме мене и слушајте ја наредбата моја!“
٩٤.„О, сине на мојата мајка“ - рече Харун - „не фаќај ме за мојата брада и коса! Јас се плашев ти да не кажеш: ,Меѓу синовите Израилови раскол посеа и не постапи така како што ти кажав.‘“
٩٦.„Јас го видов тоа што тие не го видоа,“ - одговори тој - „па грст земја од трагата на Гласникот168 зедов и фрлив, и ете, така тоа ми ја разубави мојата душа.“
٩٧.„Е, тогаш, губи се!“ - рече Муса. „Целиот свој живот ќе велиш: ,Нема допирање!‘169 - а те чека уште и одредениот Час кој нема да те одмине. Погледни го само овој твој ,бог‘ на кого во обожувањето приврзан му беше: ние сигурно ќе го запалиме и по морето правта ќе му ја растуриме
١٠٤.Ние добро знаеме за што тие ќе зборуваат, кога најпроникливиот од нив ќе рече: „Останавте само еден ден.“
١٠٨.Тој ден тие на гласникот ќе му се одѕвијат, од кого отстапување нема и пред Семилосниот гласовите ќе стивнат и ти ќе чуеш само шепот
١٠٩.Тој ден ќе биде од корист само заземањето на тој на кого Семилосниот ќе му дозволи и со чиишто зборови е задоволен
١١١.Лицата ќе Му се покорат на Живиот и Вечниот, тој што здруженици Му припишувал, секаква надеж ќе изгуби
١١٢.а тој што правел добри дела, а бил верник, нема да се плаши од неправда, ни од скратување на наградата
١١٣.И, ете, така Ние Куранот на арапски јазик го објавуваме и во него заканите ги повторуваме за тие гревовите да ги избегнуваат или на послушност да ги поттикне
١١٤.Нека е возвишен Аллах, Владетелот Вистински! И не брзај со рецитирањето на Куранот пред да ти се заврши објавувањето негово, и кажи: „Господару мој, Ти знаењето мое зголеми го!“
١١٦.А кога на мелеците им рековме: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ - сите се поклонија на сеџда, само Иблис не сакаше
١١٧.„О, Адеме!“ - рековме. „Овој е навистина непријател твој и на твојата жена, затоа немој никако да дозволиш тој да ве изведе од џеннетот, па потоа да се мачиш
١٢٠.А шејтанот почна да му бае и да му зборува: „О, Адеме, сакаш ли да ти го покажам дрвото на бесмртноста и царството кое нема да исчезне?“
١٢١.И тие двајцата171 каснаа од него и им се укажаа срамните места нивни, па почнаа по нив лисје џеннетско да ставаат. Така Адем не го послуша Господарот свој и заталка од патот
١٢٣.„Излегувајте од него сите,“ - рече Тој - „едни на други непријатели ќе бидете! Од Мене упатство ќе ви доаѓа, и тој што ќе го следи Моето Упатство нема да заталка и нема несреќен да биде
١٢٤.А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.“
١٢٦.„Еве зошто.“ - ќе рече Тој. „Доказите наши ти доаѓаа, но ти ги забораваше, па и ти денес исто така ќе бидеш заборавен.“
١٢٧.И така Ние ќе ги казниме сите тие кои на страстите премногу им се оддаваат и во доказите на Господарот свој не веруваат. А страдањето на оној свет, навистина, ќе биде пострашно и вечно
١٢٨.Зарем на нив не им е познато колку народи пред нив уништивме, на тие по чии живеалишта тие одат! Тоа се, навистина, докази за паметните луѓе
١٣٠.Затоа истрпи ги нивните зборови и Господарот свој слави Го, заблагодарувајќи Му, пред излегувањето на Сонцето и пред заоѓањето негово, и слави Го во ноќните часови, и на крајот од денот, за да бидеш задоволен
١٣١.И никако не гледај долго во убавините на овој свет кој Ние како уживање на разните видови неверници им ги пружаме, за со тоа на искушение да ги ставиме, но снабдувањето на Господарот твој е подобро и вечно
١٣٢.Нареди му на семејството свое да го извршува намазот (молитвата) и истрај во тоа! Ние не бараме од тебе снабдување, Ние тебе те снабдуваме! А само тие кои од Аллах ќе стравуваат и кои од гревовите ќе се чуваат ги чека убава завршница
١٣٣.Тие172 велат: „Зошто не ни донесе некакво чудо од Господарот свој?“ А зарем не им доаѓа објаснување за тоа што го има во листовите173 дамнешни
١٣٤.А да ги уништевме пред него174 со некаква казна, сигурно ќе кажеа: „Господару наш, зошто не ни испрати Пратеник за зборовите Твои да ги следевме пред уништени и засрамени да станеме.“
١٣٥.Кажи: „Секој очекува, па чекајте и вие, а сигурно ќе дознаете кои беа следбениците на Исправниот пат175 и кој бил упатен.“