علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој на Својот роб му ја објавува Книгата, и не ја дал искривена, туку
١٧.И ти можеше да видиш како Сонцето, кога се раѓа, ја обиколува пештерата од десната страна, а кога заоѓа, ја обиколува од левата страна, а тие беа во средината нејзина.157 Тоа е Аллахов доказ! Кого Аллах ќе го упати на Вистинскиот пат, тој по Вистинскиот пат ќе оди, а кого во заблуда ќе го остави, ти нема да му најдеш заштитник кој на Вистинскиот пат ќе го упати
١٩.И Ние, исто така, ги разбудивме, за меѓусебно да се запрашаат. „Колку време останавме тука?“ – запраша едниот од нив. „Останавме ден или дел од денот.“ – одговорија. „Господарот ваш најдобро знае колку сте останале.“ – рекоа. „Испратете еден од вас со овие ваши сребреници во градот, и нека види каде јадењето е најчисто и од него нека ви донесе храна и нека биде внимателен, и никому нека не зборува ништо за вас
٢١.И Ние така сторивме тие за нив да дознаат, за да се уверат дека Аллаховото ветување е вистинито и дека во часот на оживувањето нема никаков сомнеж. Кога меѓу себе за нив се расправаа, рекоа: „Изградете ограда на нејзиниот влез, Господарот нивен најдобро знае кои се тие.“ А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: „На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!“
٢٢.Некои ќе речат: „Беа тројца, кучето нивно беше четврто“, а некои ќе речат: „Беа петмина, кучето нивно беше шесто“, нагаѓајќи го тоа што не го знаат, додека некои ќе речат: „Беа седуммина, а кучето нивно осмо.“ Кажи: „Господарот мој најдобро го знае нивниот број, само малкумина тоа го знаат. Затоа не расправај за нив, освен површно, и не прашувај за нив никого од нив!“
٢٨.Биди трпелив покрај тие штона Господарот свој Мусемолат изутрина и навечер со копнеж за лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив со желба за сјај во животот на овој свет, и не слушај го тој чиешто срце да Нè спомнува невнимателно го направивме, кој страста своја ја следи и чиишто постапки се далеку од разумни
٢٩.И кажи: „Вистината доаѓа само од Господарот ваш, па кој сака нека верува, акој сака нека неверува!“ Ние наневерниците им подготвивме Оган чијшто пламен од сите страни ќе ги опфаќа; акопобараат помош, ќе им се помогне со течност слична на растопена ковина која лицата ќе ги испече. Ужасен ли напиток и грозно ли престојувалиште!“
٤٩.И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!“ – ќе зборуваат - „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!“ – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда
٥٠.И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ – сите се поклонија освен Иблис, тој беше еден од џинните и затоа згреши кон заповедта на Господарот свој. Па зарем него и потомците негови, покрај Мене, како пријатели ќе ги прифатите, кога тие ви се непријатели? Колку е шејтанот лоша замена за насилниците
٥٧.Има ли понеправеден од тој што кога со доказите на Господарот свој се опоменува, е немарен кон нив, а го заборава тоа што рацете негови го направиле?! Ние на срцата нивни прекривки ставаме за Куранот да не го сфатат, а во ушите нивни глувост; и ако ти кон Вистинскиот пат ги повикаш, тие, кога се такви, никогаш нема на Вистинскиот пат да појдат
٨٢.А што се однесува до ѕидот, тој им припаѓа на две момчиња, сирачиња од градот, а под него е закопано нивното богатство. Нивниот татко бил добар човек и Господарот твој сака, од милоста Своја, тие да пораснат и да го извадат богатството свое. Сето тоа јас не го сторив по мое мислење. Ете, тоа е толкувањето за тоа за што ти не можеше да се стрпиш“