1.Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата и многубошците, не престанаа се додека не им дојде јаснотија
5.Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено да Му ја предаваат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И, сте, тоа е верата исправна
6.Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата, и многубошците ќе бидат во огнот џехеннемски и во него за навек ќе останат... да, онаквите се од сите суштества најлошите
7.Оние кои, навистина, веруваа и кои добри дела работеа... да, онаквите се од сите суштества најдобрите
8.Наградата нивна е кај Господарот нивни: џеннетски бавчи на Адн испод кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Аллах ќе биде задоволен ОД нив а и тие ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е за оној кој се плаши од Господарот Свој