غاشیہ
حسن گیلو · македонски јазик
1.
Ти дојде ли говорот за она ШТО ПоКЛОПИ
2.
Лицата на Денот тој ќе бидат уплашени
3.
изморени и жалосни
4.
Ке се пржат во огнот жесток
5.
ќе се напојуваат од изворот усвитен
6.
за нив не ќе има храна, освен трње
7.
која не ќе нахрани а ниту, пак, гладот ќе го отстрани
8.
на Денот тој ќе има и лица благословени
9.
со трудот НИВНИ задоволни
10.
во Џеннетот возвишен
11.
во кој не ќе слушаат зборови празни
12.
во него ќе има и извор што тече
13.
и кревети подигнати
14.
и пехари поставени
15.
и перници поредени
16.
и простирки спрострени
17.
Не гледаат ли кон камилата како е создадена
18.
и кон небото како е подигнато
19.
и кон брдата како се поставени
20.
и кон земјата како е порамнета
21.
Па, опоменувај. Ти си, навистина, само опоменувач
22.
Не е твое да владееш со НИВ
23.
А оној кој ги врти плеќите и оној кој не верува
24.
па, Аллах ќе го казни со казна голема
25.
Враќањето НИВНО е - кон Нас
26.
и полагањето сметка, потоа, е - при Нас
پچھلی سورہ
اگلی سورہ