انشقاق
حسن گیلو · македонски јазик
1.
Кога небото ќе се расцепи
2.
и кога Господарот негов ќе го послуша. - Он е Кому треба да се биде послушен
3.
кога земјата ќе се порамни
4.
и кога ќе го исфрли она што е во неа и ќе стане празна
5.
и кога Господарот нејзин ќе Го послуша... Он е кому треба да се биде послушен
6.
О човеку, ти, навистина, се трудиш кон Господарот твој, со труд, и него ќе го најдеш
7.
Што се однесува до оној со доделената му Книга во раката, десна
8.
ќе полага сметка лесна
9.
и ќе се врати кај семејството свое, радосен
10.
А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, зад плеќите негови
11.
па, ќе си посакува пропаст
12.
и во Саир ќе биде турнат
13.
Па тој меѓу семејството негово беше радосен
14.
тој, навистина, замислуваше дека никогаш не ќе се врати
15.
И уште како! Господарот негов, навистина, го гледа
16.
Но, не! Се колнам во црвенилото вечерно
17.
и во ноќта И во она што таа ќе го збере
18.
и во Месечината кога ќе се ИСПОЛНИ
19.
ќе поминувате од една во друга состојба
20.
Што им е па не веруваат
21.
И зошто кога Кур"анот им се чита на сеџде не паѓаат
22.
Но, лажат оние кои не веруваат
23.
Аллах најдобро го знае она што го кријат
24.
И зарадувај ги, тогаш, со казната болна
25.
Освен оние кои веруваат и кои добри дела работат - нив ги чека награда неминлива
پچھلی سورہ
اگلی سورہ