3.Колку поколенија „ Ние уништивме пред нив, кои повикуваа за помош кога немаше веќе време да се спасат
4.Оние се чудат што ли им дојде еден опоменувач меѓу нив. Неверниците зборуваат: “Овој е волшебник и лашко голем
6.И заминаа големците нивни: “Одете и бидете постојани покрај боговите ваши! Ова, навистина, е нешто што се посакува
8.Нему ли меѓу нас ќе му се објави Опомена?" - Но, не! Оние се сомневаат во опомената Моја затоа што уште не ја имаат вкусено казната Моја
10.ли:маат ли власт на небеса та и на Земјата и на она што е меѓу нив? Па, нека се искачат, тогаш, по скалилата
12.пред нив ги сметаа за лажни пејгамберите: и народот на Нух и Ад и фараонот, сопственикот на столбови
16.зборуваат: “Господаре наш, побрзај со нас, со делот наш од казната пред да настапи Денот на пресметката
17.стрпи се за она што го. зборуваат. И сети се на робот. Наш, Давуд, силниот, кој, навистина, Му се обраќаше на Аллах
18.Ние, секако, ги потчинивме брдата заедно со него... кои Го славеа и при зајдисонце и при изгрејсонце
22.Кога влегоа кај Давуд и кога тој се исплаши од нив, оние рекоа: “Не плаши се! Ние сме два парничара. Кденадруг неправда направивме. Па, затоа пресуди ни праведно и не биди пристрасен, и упати не кон патот ВИСТИНСКИ
23.Овој мој брат има деведесет И девет овци, а јас, пак, имам една овца." И им рече: “Дај ми ја мене да ја чувам; - и така, расправајќи се, ме присили на тоа
24.Давуд рече: “Неправда ти нанесол со самото тоа што те прашал да ја придружиш твојата овца кон неговите овци. Многу ортаци еднинадруги прават неправда, секако, освен оние кои веруваат и кои добри дела работат, а тие се малкумина! И Давуд помисли дека Ние, навис тина, го ставивме во искушение, и побара прошка од Господарот свој и се свитка ничкум и се покаја
25.Па, Ние му го простивме тоа. Тој, навистина, ќе биде во близината Наша, и го чека убаво засолниште
26.Давуд, Ние те одредивме да бидеш халифа на Земјата и суди меѓу луѓето праведно, и не следи ја страста па да те скршне во заблуда од Аллаховиот пат. Да, оние кои скршнуваат во заблуда од Аллаховиот пат, ќе бидат жестоко казнети затоа што заборавија на Денот на пресметката
27.И Ние не го создадовме небото и Земјата и она што е меѓу нив залудно. Ете, така мислат оние кои не веруваат. Е, тешко на неверниците кои ќе бидат во ОГНОТ
28.Или: “Ќе постапиме ли со оние кои веруваат и кои добри дела работат како со безредниците по земјата? Или: Ќе постапиме ли со богобојазливите како со расипаните
29.Книгата што Ние ти ја објавивме е - благословена, за да размислуваат за ајстите нејзини и за да се сеќаваат оние со дадениот им разбир
30.И на Давуд Ние му го подаривме Сулејман. СЕ, колку е благонаклонет тој роб! Тој, навистина, беше покајник
32.и кога рече: “Покажав поголема убов кон ова добро отколку кон споменувањето на Господарот . мој" И веднаш исчезнаа оД ВИДИКОТ Негов
34.Ние, секако, го ставивме во искушение и Сулејмана, и на постелата од престолот негов, како едно болно тело оставивме. И потоа тој оздрави
35.рече: “Господаре мој, прости ми и дарувај ми власт што не ќе ја има никој по мене! Ти си, навистина, Дарител
36.Па, Ние му го потчинивме ветрот. кој тивко дуваше по наредбата негова, таму каде што тој посакуваше
41.сети се на робот Наш Ејуб, кога го повика Господарот свој: “Ме погоди Шејтанот, навистина, со мака и болка
43.Ние му го подаривме семејството негово, и со тоа нему слично, како милост од Нас, да биде опомена за даруваните со разбир
44.И земи сноп со раката твоја и удри со него, и не прекршувај ја заклетвата. НВоочивме дека, навистина, е трпелив. Е, колку беше благонаклонет тој роб! Тој, навистина, беше покајник
59.Ова е дружина со вас здружена, која не ќе биде со добредојде примена, туку во огнот ќе биде фрлена
75.Аллах рече: “ О Иблис, што те натера да не му паднеш на сеџде на оној кој го создадов со рацете Мои? Се изнаду или, пак, стана меѓу големците?“