حسن گیلو · македонски јазик

1.Та, син, мим
15.И влезе во градот во време кога жителите негови не го запазија. Па, наиде на два човека кои се тепаа. Едниот беше од неговата пријателска а другиот од неговата неприја-. телска дружина. И го повика во помош оној од дружината негова против оној од дружнината непријателска. И Муса го Удри со рака и го усмрти, и рече: “Ова е дело шејтанско. Шејтанот, навистина, е непријател и скршнувач во заблуда отворена
23.И бидејќи стигна до водата на Медјен, тука најде една дружина на луѓе кои го напојуваа добитокот и виде две девојки настрана кои ги држеа животните свои. И рече: “Каква тешкотија "имате вие двете?" Рекоа: “Нема да го напоиме добитокот додека не одат овчарите. А бабо ни е стар човек