حسن كيلو · македонски јазик

١.Благодарение на Аллах! Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! Благодарноста му припаѓа и на Ахирет. Он е Мудар и Известен
٣.Неверниците зборуваат: “Нема да ни дојде Часот!" Кажи: “Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!" ОН е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо, ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна
١٢.на Сулејман Ние ветрот му го потчинивме: само за едно утро дуваше колку за еден месец, и само за една вечер дуваше колку за еден месец. И за него Ние одредивме од изворот бакар да тече, И со одобрението на Господарот Негов, ОД џиновите да работаат за него. А оној од нив кој скршнуваше од наредбата Наша Ние ќе одредиме да ја вкуси казната огнена
٣١.Неверниците зборуваат: “Никојпат не ќе веруваме во овој Куран ниту во она што му претходеше!" - А кога би видел, кога зулумќарите ќе стојат пред Господарот свој, како еднинадруги ќе разговараат, угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Да не бевте вие ќе верувавме, сигурно
٣٣.Угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Не, сплеткаревте и дење и ноќе кога ни наредувавте да не веруваме во Аллах и богови Нему да му припишуваме. И бидејќи ќе ја здогледаат казната, ќе ја скријат тагата. А на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме. Ке бидат казнети само за она што го работеа
٤٣.кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, зборуваат: “Ова е само човек кој посакува да ве одврати од она што го обожаваа предците ваши" - и зборуваат - “ова е само измислена клевета." А оние кои не веруваат за вистината, бидејќи им дојде, зборуваат: “Ова е само волшебништво јасно