الضحى
علماي مقدونيه · македонски јазик
١.
Се колнам во утрото
٢.
и во ноќта кога ќе стивне
٣.
Господарот твој не те напуштил и не те замразил
٤.
Оној свет, навистина, е подобар за тебе од овој свет
٥.
а Господарот твој тебе сигурно ќе ти даде, па ќе бидеш задоволен
٦.
Зарем ти не беше сираче, па Тој те заштити
٧.
И за вистинската вера не знаеше, па Тој те упати
٨.
И сиромашен беше, па Тој те збогати
٩.
Затоа сирачето немој да го понижиш
١٠.
а просјакот немој да го одбиеш
١١.
и за благодатите на Господарот твој кажувај
السورة السابقة
السورة التالية