التكوير
علماي مقدونيه · македонски јазик
١.
Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби
٢.
и кога ѕвездите ќе попаѓаат
٣.
и кога планините ќе се придвижат
٤.
и кога стелните камили без пастир ќе останат
٥.
и кога дивите животни ќе се соберат
٦.
и кога морињата со оган ќе се наполнат
٧.
и кога душите со телата ќе се спојат
٨.
и кога живо закопаното девојче ќе биде запрашано
٩.
поради каква вина е убиено
١٠.
и кога листовите ќе се разделат
١١.
и кога небото ќе се тргне
١٢.
и кога џехеннемот ќе се распали
١٣.
и кога џеннетот ќе се приближи
١٤.
секој ќе го дознае тоа што го подготвил
١٥.
И се колнам во ѕвездите кои се сокриваат
١٦.
кои се движат и кои од вид се губат
١٧.
и во ноќта кога таа велот го спушта
١٨.
и во зората кога дише
١٩.
Куранот навистина е кажување на Гласникот благороден
٢٠.
моќен, од Господарот на Аршот ценет
٢١.
кому други му се потчинуваат, таму доверлив
٢٢.
А другарот ваш не е луд
٢٣.
тој на хоризонтот јасен го виде
٢٤.
и, кога е во прашање Објавата, тој не е скржав
٢٥.
и Куранот не е говор на проклетиот шејтан
٢٦.
па тогаш каде одите
٢٧.
Куранот е само поука за световите
٢٨.
за оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат
٢٩.
а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака
السورة السابقة
السورة التالية